Мицкоски повторно со најава: По локалните избори ќе дојде до промена на власта – објаснува на кој начин

0

Нависоките финкционери на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, веќе подолг период најавуваат ново парламентарно мнозинство.




Лани во октомври, потпретседателот на оваа партија, Александар Николовски, изјави дека според мего ВМРО-ДПМНЕ во моментов, со сета почит кон сите претходни парламентарни состави го има најсилниот парламентарен состав, а тоа се гледа во Собранието, со квалитетот на луѓето кои ги имаме.




Секако секој е стручен во својата област. Ова се пратеници избрани од народот, пратеници кои што ги бираше членството на ВМРО-ДПМНЕ и апсолутно сум убеден дека ќе останат до крај лојални на ВМРО-ДПМНЕ“, нагласи Николоски и додаде дека мечката овој пат заигра во дворот на Зоран Заев.




На оваа негова изјава синоќа веднаш реагираше СДСМ; „Губитникот Мицкоски сонува парламентарно мнозинство, уште еден негов блеф за да ја задржи фотелјата во белиот дворец.

Бројот на пратеници во Собранието кои го следат исправниот пат по кој води парламентарното мнозинство предводено од СДСМ може само да се зголемува.




Александар Николовски е еден од малкумината кој верно го следи главниот фабрикант на л ажни вести, докажаниот губитник Мицкоски. Откако не му успеа преку лицемерни протести да го мобилизира сопственото членство, сега во очај смислува конструкции со цел да си ја задржи фотелјата во белиот дворец, за да продолжи да ги исполнува нарачките на неговиот ментор Никола Груевски“, реагираше СДСМ.




Мицкоски вчера во интервју за Вечер, повторно укажа дека е можно промена на власта, преку ново парламентарно мнозинство:

-Резултатите од локалните избори ќе ги охрабрат оние прагеници со кои разговараме и потоа очекувам формирање на ново парламентарно мнозинство, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интервју за весникот Вечер.




-Тие преговори и разговори со десетина пратеници се уште актуелни, но во моментов нема нешто ново што би можел сега да кажам иако се надевам дека многу погласно за ново парламентарно мнозинство ќе можеме да зборуваме по локалните избори, на кои очекувам голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и се разбира ново парламентарно мнозинство и нова политичка реалноста по локалните избори.




По локалните избори со тој победнички бран што го очекувам, очекувам пратениците да се ослободат од притисокот и многу полесно да ја донесат одлуката за ново парламентарно мнозинство, вели Мицкоски.

Претходна статијаСе огласи Проф. Даниловски за ТВ 24: Потребна е голема внимателност со новиот сој
Следна статијаСнежана ја оставила мајка си која сkршилa колк во старски дом – седум дена подоцна таа не личела на себе