Миле Јанакиески: Четири пати ме носат во Шутка, сега нема потреба – во секој момент пред зграда имам неколку полицајци

0

Денес беше донесена пресудата за предметот „Организатори на 27 април“.




Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски денеска во Основниот кривичен суд беше неправосилно осуден на 6 години и 6 месеци за твор, ексминистрите Миле Јанакиески и Спире Ристовски на 6 години и три месеци затвор, а поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски на 6 години затвор.




Виновни се затоа што по неуспешните преговори за формирање Влада, изготвиле план со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста со насилни акти за да не се случи примопредавање на власта, вклучиле и патриотски здруженија, ангажирале и лица за вршење нас -илство за да не се избере нов претседател на Собранието, појасни судијата.




Кривичниот совет за овој случај го водеше судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Според Обвинителството за гонење организиран кр иминал и корупц ија, обв инетите знаеле точно што прават и фрлиле се на една карта со единствена цел да се спречи формирање на влада од веќе обезбеденото парламентарно мнозинство.




Обвинителството побара мерка пр итвор за осудените Вељановски, Ристовски и Атансаовски, до правосилноста на пресудата имајќи ги предвид околностите на нивните поранешни функции, за Јанакиевски е побарано да биде укината мерката куќен при твор за други процеси и да биде спроведен во ефективен притв ор.




Судскиот процес за организаторите на настаните од 27 април во Собранието започна на 21 февруари 2020 година.

Во истрагата беа опфатени и поранешниот премиер Никола Груевски и ексразузнавачот Никола Бошковски, но постапката за нив е запрена додека не станат достапни на органите на прогон.




По изрекувањата на пресудите, обв инетите и нивните застапници побараа збор, во кој образложија зошто не треба да им се определи ефективен при твор.

Миле Јанакиески напомена дека ваквото барање на Обвинитекството е пред сè нечовечко, бидејќи четири пати до сега, а во врска и со други предмети е носен во Шутка па враќан дома:




-Имам малолетни деца и семејство. Покрај тоа, кај мене пред или во зграда, во секој момент има по неколку полицајци кои вршат претрес на возилата кои влегуваат или излегуваат од зградата.




Поради тоа, го молам судот да не го прифаќа ваквиот предлог на Обвинителството, напомена Миле Јанакиески во својата реакција.

Претходна статијаСе огласи синот на загинатиот возач од автобусот со потресна порака за татко му
Следна статија„Го гpeбeлa синот со нокти по чело“ – мажот на Тања Савиќ ја шокираше јавноста со своите тврдења