Маја Моранчанин: Струјата не треба да биде евтина (ВИДЕО)

0

Маја Морачанин, претседателката на ДОМ, коалициски партнер на СДСМ, од собраниската говорница истакна дека струјата не треба да биде евтина.




– Мојот став е сосема поразличен. Јас сметам дека електричната енергија не треба да биде евтина, затоа што ако струјата е евтина, тоа доведува до поголема потрошувачка, а ние треба да ја штедиме електричната енергија, рече Морачанин во видеото кое можете да го видите подолу.




Таа истакна оти се согласува дека во овој момент заради корона кризата и јасната социоекономска криза како во светот така и кај нас се потребни можеби вакви стимулативни мерки и поддршка за граѓаните за да не го почувствуваат тој удар, и во таа насока рече дека ќе го поддржи законот.




– Но, дефинитивно подобро решение, според мене, е намалување на електрична енергија да има само кај социјално ранливите категории, додаде Морачанин.

По реакциите на социјалните мрежи, околу нејзината изјава, Моранчанин во статус на фејсбук објаснува дека била извадена од контекст:




„Мојата реплика за намалувањето на ДДВ на струјата очигледно предизвикала многу интерес во медиумите, секако извадена од контекст и дополнета со етикетирања
Еве накусо да ги објаснам фактите:




1. Јас гласав ЗА Законот, што значи ЗА намалување на цената на струјата!

2. Меѓусебните обвинувања и фалби меѓу позицијата и опозицијата во чие време струјата била поскапа или поевтина не се од полза за граѓаните, туку само предизборна реторика.




3.Треба да вложуваме во производство на струја од обновливи извори на енергија, пред се од сонце и ветер, а не во производство на струја од јаглен, бидејќи употребата на фосилни горива е главна причина за климатските промени и загадување на воздухот.




4. Треба да ги субвенционираме граѓаните да постават фотоволтаици на своите кровови или да се здружат во енергетски кооперативи, самите да си произведуваат струја, БЕСПЛАТНО.




Исто важи и за бизнис секторот, сметката за струја на индустриските капацитети би била многу пониска ако постават фотоволтаици на објектите.

5. Треба да инвестираме во енергетска ефикасност на објектите за да имаме помала потрошувачка на струја и пониски сметки за струја.




6. Да сумирам: одржливо и ефикасно решение е производство на струја од сонце и ветер и намалена потрошувачка на струја преку енергетска ефикасност. Така сметките за струја ќе бидат многу пониски и ќе се заштедат средства и во домашниот буџет и во буџетите на јавните и приватните претпријатија. И ќе се заштити животната средина и климата.




7. Итно да се формира Фондот за енергетска ефикасност, за кој веќе се обезбедени финансиски средства.“

Претходна статијаВелик везиру, фараоне, Честити Царе: Вака Апасиев му се обрати на Талат Џафери (ВИДЕО)
Следна статијаПРОГОВОРИ СЕМЕЕН ПРИЈАТЕЛ – изнесе неверојатни детали што и правел Душан на Тања Савиќ