ВМРО-ДПМНЕ започна со објавување на дел од своите кандидати. д-р Кирил Пецаков ќе му биде противкандидат на Георгиевски од СДСМ во Охрид, за прв човек на Прилеп ќе се бори повторно доктор, ортопедот Борче Јовчевски…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа во Битола изјави дека СДСМ предложува стари имиња и корумпирани градоначалници, а ВМРО-ДПМНЕ има 95% нови имиња кои прв пат ќе ја бараат довербата од граѓаните и ќе работат чесно.
Од друга страна, досегашниот градоначалник на Прилеп, е исто така доктор, Илија Јовановски. Градоначалник на општина Штип, на предвремените локални избори стана д-р Сашко Николов.
Докторите и во минатото алудирале на високи политички функции. Што е она што ги тера докторите да влегуваат во политика? На оваа тема, во свој статус на социјалните мрежи, проговори поранешниот висок функционер од ВМРО-ДПМНЕ, Јове Кекеновски:
„ДО ПОЛИТИЧКИТЕ ЛИДЕРИ И ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА ПОЛИТИЧКИТЕ ПАРТИИ Што е тоа што ги влече докторите во политиката?
Алтруизам или нарцисоидност?. Дали имаат желба да го излекуваат општеството или пак во политиката гледаат шанса за моќ, доминација, популарност на повисоко ниво и пари.?
Зошто докторите кои вложиле толку многу труд, знаење и одрекување за да станат тоа што се (звање и професија угледна во секое општество) мошне лесно ја запоставуваат и заменуваат професијата за политичка кариера?!.
Доктори во политиката во државите членки на ЕУ се исклучок, додека кај стана правило.
Од толку многу доктори (за жал и ,,гола вода” политичари) во политиката општеството секој ден ни е се поболно. На ум -ирање ни е Собранието, извршната и локалната власт. Ни у Mира целиот систем.
Затоа замолувам да ги оставите докторите за да си ја работат работата за која се оспособени и остручени. Подобро е да имата добар доктор во струката отколку лош доктор во политиката..
Секоја чест на исклучоци кои за жал се ретки. П.С. Досега државата не профитираше од ниту еден доктор во политиката бидејќи истите го урнисаа својот углед и авторитет служејќи им исклучиво на лидерите на партиите наместо на народот.“