Емотивна исповед на Трифун Костовски: Единствено нешто што сум укpал во живот се цреши од кај соседот

0

Статус на Трифун Костовски: „Почитувани пријатели, денеска решив да ве ослобо дам од мојата континуирана потреба да пишувам за кpи миналното носење на Еуростандард банка во стечај.




За денешнава колумна бев поттикнат од двајца мои пријатели на ФБ со што сакам да го споделам во себе интим ното со вас, а се однесува на вредносниот систем во релација со поединецот во нашето општество.

Денес п ротив мене се води истражна постапка за стечајот на Еуростандард банка, иако за тоа нема никаков повод ниту докази. Уште повеќе, недај боже да сум помислил да направам з лoстop врз моите коминтенти, односно бившите коминтенти на Еуростандард банка.




Веќе седми месец сум активен на социјални мрежи. Стекнав многу пријатели од причина не само да ме запознаат како човек, хуманитарец, човекољубец, туку и како човек кој мисли и носи заклучоци во сите полиња на нашето живеење, човек кој има капацитет критички да го согледува светот и себеси. Нека биде јасно, Еуростандард банка отиде во стечај поради моја невнимателност, поради преголемата верба во луѓето. Јас не бегам од овој неоспорен факт..




Многумина од моите пријатели на социјалните мрежи ме доживуваат на идентичен начин како и сам себеси што се доживувам, хуман во душа, човек спремен да сподели ма-ка и радост со пријател, познаник и непознаник.

Во изминатите децении со мојата економска моќ, помагав на сите полиња каде што имаше потреба од моја финансиска поддршка, и непознати и познати, и индивидуално и општествено. Го помагав мојот претходник на функцијата градоначалник на Град Скопје, Ристо Пенов, со хортикултурното озеленување и осветлување на тогашната Водњанска, а денешен булевар Мајка Тереза.




Го помогнав во изградбата на кејот покрај Вардар спроти Градскиот трговски центар со канделабри, клупи, бидејќи во тие времиња животот на скопјани се одвиваше токму во тој дел на градот. Помагав во изградба на верските објекти од православна и муслиманска вероисповест.




Помагав во изградбата на споменичните обележја во Битола – споменикот на браќата Манаки и Коста Рацин во Велес. Помагав во спортот, во културата, во уметноста, а најповеќе помагав на социјално загро зените групи на граѓани и луѓе кои се соочуваа со вистински здравствени проблеми.




И денес моето име фигурира во најголемата болница во Австрија, АКХ, како најголем приватен финансиер за лекување на мои сограѓани од Македонија.

Повторувам, помагав со мои лични средства заработени на чесен начин, што сакав да ги споделам со моите сограѓани. Носител сум на многу награди во Македонија и надвор од Македонија.




Во Македонија ги добив сите највисоки државни награди за моите дела и највисоки верски признанија од името на МПЦ и ИВЗ. Добитник сум на награда за најдобар стопанственик во Југозападен Балкан во 2015 година од Универзитетот Хумболт во Берлин. Бев член на Меѓународната кризна група, на Советот за меѓународни односи на САД, член на најсилната Невладина организација, поддржана од најсилните економски држави, за бор-ба против сидата во светот.




Филантропијата ми беше насошна. Човекољубието – водилка на моето битие. Говорам во минато време „бев“ … А денес што сум? Жигoсан од мојата татковина за к pиминал?

Човек кој сиот имот го стекнал надвор од Македонија и во најголем дел го изгубил во сопствената Македонија, токму поради владеењето на к pиминалот, а посебно на организираниот к pиминал.




Во Скопје, заедно со пок ојниот Академик Томе Серафимовски, го изградивме споменикот на Мајка Тереза на улица Македонија, исто таков споменик од Мајка Тереза подаривме на Ватикан и во збратимениот град Нирнберг, Германија.

Почитувани пријатели, денес и покрај сиот мој минат труд и инвестирање во Македонија ставен сум во истражна постапка пред Јавното обвинителство на Република Македонија за организиран к pиминал. Јас и к pиминал! Тоа во мојот човечки код е незамисливо.




Единствено што сум ук рал во животот биле цреши од мојот комшија и зелени кајсии. Недај боже да сум посегнал по туѓо материјално богатство.

Најотворено прашувам, дали јас ова го заслужувам од институциите на Република Македонија, посебно од оваа Влада која ја води Република Македонија?

Претходното прашање го поставувам чисто како предизвик пред секој од нас, поединец во Република Македонија, дали ќе дозволиме сè што е квалитетно и убаво во Македонија да биде предмет на тол чење и замолчување?




Македонија имала и ќе има уште многу слични луѓе на мене кои треба да бидат почитувани. Не можам да го прифатам фактот што одредени високо интелектуални кругови, делото на Мајка Тереза, девојчето од Скопје, Гонџа Бојаџиу, денес светица во католичката вероисповест, хуманитарка и нобеловка, за што ние скопјани и граѓаните од целиот регион треба да бидеме горди, го омаловажуваат со зборовите од типот „доста направивме за неа“.

На Балканот имаме само двајца нобеловци, нашата Гонџа и Иво Андриќ. Ваквите луѓе не смееме да ги заборавиме, туку, напротив, треба да бидат поттик за создавање нови генерации кои би можеле да бидат идни нобеловци.

Почитувани пријатели, самите вие донесете го заклучокот дали е ова општество кое почива врз моралот, правото и правдата? Дали е ова предизвик за секој поединец дека ова не смее повеќе да се толерира?

Коренити промени ѝ се потребни на Република Македонија, но најпрво треба да завладеат правото и правдата, а пред сè, да се осознае значењето на заедницата и заедничките добра кои ќе почиваат врз капацитетот и интегритетот на благородниот поединец.“

Претходна статијаГерманија повторно со мерки за Шпанија – секој што ќе допатува од таму, ќе мора да покаже доказ за имунизација или прележаност или негативен тест
Следна статијаКристијан, внукот на Тоше се врати во Крушево, ужива во летни лудории (ФОТО)