Д-р Сашко Николов објави фото од девојката од Штип и се прости од неа (ФОТО)

0

Македонската јавност вчера со неверување ја прими веста за момчето и девојката од Штип и од селото Аргулица кои, одлучиле да си го одз ем-ат животот, според многумина нивни сожители, поради недозволена љубов.




Од Јавното обвинителство пак, велат дека не станува збор за недозволена љубов, туку  поради некои други недоразбирања на младите сопружници кои се разделиле и последнава година не живееле заедно, пренесува СДК.МК.




-Роднини и пријатели на момчето, кое е син на штипски полицаец, велат дека тој бил разочаран што се разделил од сопругата, па кога дознал дека нејзините сакале да ја омажат за друг решил да го направи тоа што го направил..




Кога дознала што се случило, и сопругата одлучила да го стори истото, во една помошна просторија од нивната куќа во селото Аргулица. Основен јавен обв инител кој извршил увид на местата на настанот, работи и на утврдување на причините и мотивите, пишува порталот, а пренесува Сител..




Социјалните мрежи вчера беа полни со коментари за немилиот настан. Со свој коментар се огласи и Лиса Баута Шаќири, кој во повеќе наврати изминатиот период, ги коментира актуелните општествени текови во државата. Таа меѓудругото напиша:




„Не ми е јасно зошто се чудиMе, сме се запрепастиле од тра геди -јата на двајцата млади кои си го одз емаа животот поради забранета љубов.

Секој од нас, барем еднаш во животот ос удил нечија љубов. Кој мегу вас е “чист” нека ми фрли камен!




Ние, тие истите кои цел ден јадеме го ..а како онаа млада лепотица се “фатила” со тој старецот за слава и пари.

Како тој ја напуштил сопругата за спонзоруша дупло помлада, како таа некоја го оставила мажот кој не ја погледнал 2 години а односи последно имале кога го зачнале третото дете, за некој 10 категории по неспособен од мажот…




Ние, истите тие, кои нашите деца од мали ги учиме да не ни помислат да се мешаат со друга вера, друга нација.

Ние, кои место да си ги воспитаме девојчињата да се независни и свои, место да инвестираме во нивен емоционален раст и интелектуален развој, инвестираме во филлери, ботокс, фризура, облека, вештачки трепки и нокти, за да најдат некој “добро ситуиран” кој практично ќе ги вдоми и храни!…“




Градоначалникот на Штип се прости од 22 годишната девојка која вчера си го одз еде животот на ист начин и на исто место како што си го од зеде нејзиното момче. Тој објави нејзина фотографија и кратко напиша дека се работело за исклучителна личност:




„Мила душо наша, ангел наш, поч -ивај во мир. Каратистка, вредна медицинска сестра, прекрасна личност…, напиша градоначалникот на Штип кардиологот Сашко Николов на Фејсбук.

Претходна статијаПрават ли театар двете најголеми партии со „црвените“ линии?
Следна статијаОдлучено е, публика нема да има – познато е и како ќе се доделуваат медали на Олимписките игри во Токио