Д-р Нико Беќаровски со повик до партиите: Наместо да трошите пари за кампањи, ајде барем еднаш направете нешто добро

0

Доктор Нико Беќаровски е еден од тројцата професори од скопскиот Медицински факултет (д-р Драган Даниловски, д-р Никола Пановски), кој во текот на оваа пандемиска криза неуморно одговараше на прашањата на граѓаните кои имаа дилеми околу вирусот.




Д-р Беќаровски од неодамна на својот профил на социјалните мрежи, почна со серија колумни насловени како „јас да си кажам“, во кои укажува и дава предлози, со цел превенција и справување со моменталната ситуација со вирусот.

Во неговата најнова колумна, тој дава коструктивен предлог како да се обезбеди безбеден почеток на новата учебна година во септември:




„Еден мрчаторски предлог. Во Македонија има околу 220.000 ученици во основното и средното образование, од кои повеќе од 20.000 официјално го прележале вирусот, а сигурно уште 2-3 пати повеќе асимптоматски го прележале.

Ајде сите овие наши 220.000 деца да ги истестираме пред почетокот на новата учебна година за присуство на антитела кон SarsCov-2.




Целата операција би чинела 2 милиони евра, а би добиле јасен показател колку ќе биде безбедна наставата со физичко присуство, а индиректно и јасен параметар колку сме блиску, или далеку, од создавање на колективен имунитет.




Во октомври ќе се одржат локални избори и политичките партии ќе потрошат десетици милиони евра за рекламирање на своите кандидати, иако сум длабоко убеден дека ниту еден граѓанин не ја сменил својата одлука за кого ќе гласа, врз основа на ова рекламирање.




ПОЧИТУВАНИ раководства на политичките партии, ајде сите договорете се заедно и бесцелно потрошените пари за глупи реклами, пренасочете ги за тестирање и за други хумани и еколошки цели.




Направете барем еднаш нешто добро за тие чиј глас очајно го барате. Бидете барем еднаш вистински патриоти, а на партократи.“

Претходна статијаБојана Родиќ и Мирко во Белград како на егзотичен остров, во куќата си направија базен и засадија банани (ФОТО)
Следна статијаГази го ти животот, а не тој тебе: Соња Тарчуловска му упати порака на синот