Апасиев: Барајте си ги правата и не потклекнувајте ни милиметар пред неправдите кои секојдневно ви ги носи Животот

0

Лидерот на партијата Левица, Димитар Апасиев, на почетокот од овој месец, на својот профил на социјалните мрежи, објави што му се случило кога бил запрен од сообраќајна полиција:




„Ноќва возам накај Штип. Ме запира ЏАНДАР, ваљда обучен на курс. Ми вика да дувам и да ми ја тресе колата за “недозволени супстанци”! Му викам, прво да ми се легитимирате, па после. Одбива!?




Ми вика, ќе ти пишам казна 500 ЕУР за одбивање “дување”!? Му викам, господине, ја “дување” никад не одбивам, ама за претрес на пратеник ви треба налог, оти имам уставен имунитет (и му ја давам службената легитимација).




Сфаќа дека ја укакал. Дувам – алк охол 0.00. Ми вика слободен си. Му викам јас сум, ама ти не си. Според Правилникот за вршење служба.

Вие сте дожен да се легитимирате по барање на граѓанин и да ми издадете записник за “дувањето”. Ве молам постапете така. Одбива пак!




Пред него вртам 192 и го пријавувам (и он паралелно врти сто телефони). После тоа, лагано си идам у Полициска станица Штип и на записник му поднесувам претставка до Внатрешна контрола на МВР за неприфесионално постапување.“

Вчера тој ја објави информацијата која ја добил во врска со случајот, покренатата постапка од страна на внатрешната контрола на МВР:




„ПРАВДАТА НИКОГАШ НЕ ТРЕБА ДА ОТСТАПУВА ПРЕД НЕПРАВДАТА! Епа, драги најчевци, панчо-миновци, полициски синдикалци со купени дипломи и други сор осп -иски журналисти и колумнисти.




Друг пат, кога ќе се обидете да му држите лекција на Професор по право, прво прочитајте си по некоја книга и по некој закон, па тек тогаш коментирајте у етер, за да не се бламирате и да ви се смее народ.




Внатрешната контрола при МВР утврдила дека: „Полицискиот службеник наведен во Вашата претставка, при примена на полициските овластувања, неправилно се легитимирал,




со што постапил спротивно на чл. 3 од од Правилникот за начинот на вршење на полициските работи и не Ви издал Записник за извршено испитување алкохолизираност со апарат ‘дрегер’“ – за што се преземени мерки на дисциплинска одговорност.




p.s. Уште од Римското право, основното гесло на правниците е: „Чесно да живееш, никому да не му наштетуваш и секому да му го дадеш она што му припаѓа“! Така ги учам студентите, така и живеам – без оглед дали комуницирам со граѓанин, полицаец, министер, амбасадор, спикер, претседател, крал…




p.s. Барајте си ги правата и не потклекнувајте ни милиметар пред неправдите кои секојдневно ви ги носи Животот!

Претходна статија(ФОТО) Ретко кој знае дека фолкерот Душко Георгиевски долги години е во брак со македонската водителка
Следна статијаВо Грција се појавија медузи, не се влегува во море (ФОТО)