„Засега треба да сме спокојни. Заради тоа се и попуштањата на мерките. Но, треба да бидеме претпазливи, бидејќи овој вирус е непредвидлив. Будно ја следиме состојбата. Важно е дека и покрај тоа што има одредени бранови во некои земји, нема см рт-ни случаи. Вакцината штити од тешка форма на болеста и см -рт.
Ако продолжиме со ова темпо, полицискиот час ќе се укине, а се очекува да имаме концерти ова лето, семејни прослави. Нема ризик за организирање на такво нешто“, нагласи министерот Филипче.
И вчерашната ковид-статистика говори за стабилизирање на пандемијата. Вчера беше регистрирано само едно лице починато, 18 новозаразени од 2.411 тестирања и 31 оздравен. Во болниците останаа уште 121 хоспитализирани ковид-пациенти, од кои 48 лица во главниот град, и има околу 500 празни болнички кревети.
Во Скопје вчера имало вкупно три приеми. Два примени пациенти имало во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ и еден на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден.
Во болницата во Битола се хоспитализирани седум ковид-пациенти, во Штип пет лица, во Тетово се лекуваат уште двајца пациенти болни од Ковид-19, во Велес се лекуваат 11, а во Куманово 15 пациенти, во Охрид се хоспитализирани седум пациенти, во Прилеп тројца, во Гостивар осум, а во Струга четири болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се девет пациенти, во Кичево двајца, а во Кавадарци и во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.
Досега во земјата се направени вкупно 823.776 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.487, бројката на оздравени пациенти е 149.582, на починати е 5.468, а бројот на активни случаи изнесува 437. Од активните случаи, најмногу се во Скопје – 208, потоа следи Куманово – 50, Прилеп – 32, Тетово-20, Кичево – 20. Во другите градови се под 20. Шест града се без активен случај и тоа: Кавадарци, Пробиштип, Богданци, Демир Капија, Пехчево и Дојран.
И покрај смирувањето на епидемијата, Министерството за здравство будно ја следи состојбата поради појавата на индискиот сој на вирусот, кој изминатиот период го зголеми бројот на новозаразени во некои земји, меѓу кои и Велика Британија. Министерот за здравство уверува дека вакцините штитат од која било мутација на вирусот, и очекува до крајот на летото, да биде вакцинирано 60 отсто од населението, со што граѓаните на државата ќе се стекнат со одреден колективен имунитет.
На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани против ковид-19 се вкупно 252.537 граѓани. Завчера се вакцинирале 9.631, а прва доза примиле 1.391. Досега се аплицирани 420.821 доза вакцини, а се ревакцинирани 168.284 граѓани.
Досега преку веб-платформата vakcinacija.mk за вакцинација се пријавиле 446.195 граѓани.
Со последните бројки, 48 отсто од населението над 70 години, 42 отсто повозрасни од 65 години и 35 отсто над 60 години имаат примено барем една доза вакцина.
Инаку Филипче, доцна синоќа на својот профил на Фејсбук објави дека во Македонија е направена експлантација на срце и бубрези од млада пациентка кај која била дијагностицирана мпзочна см -рт.
-Тројца пациенти се подготвуваат да ги примат органите. Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите ќе започне после полноќ, по што ќе следи експлантацијата на коскени ткива..
Екипите за трансплантација од повеќе клиники работат веќе неколку часа на подготовка на донорот и реципиентите.
Болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство ја водат целата постапка. Инаку ова е трета трансплантација од јануари и петта во изминатава година.
Голема благодарност на семејството за несебичниот гест. Со нивната хуманост спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија, напиша министерот на ФБ.
Пред неколку минути, Министерот Венко Филипче со нова објава во која соопшти радосни вести, дека сè поминало во најдобар ред:
„Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука. Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест доби шанса за нов живот.
Во изминативе 24 часа околу 100 тина лекари, медицински сестри и болничари работеа заедно како тим и покажаа како беспрекорно функционира здравственитот ситем.
Повеќе детали за трансплантацијата во текот на денот.“