На денот на неговиот роденден, Венко Филипче објави радосна вест

0

Светската здравствена организација денеска предупреди дека стапките на имунизација во Европа се уште се далеку од потребните за да се запре повторното ширење на коронавирусот и ги повика земјите да одржуваат заштитни мерки.

– Опфатот за вакцинација е далеку од доволен за да се заштити регионот. Треба уште многу да се помине пред да се достигне најмалку 80 отсто покриеност на возрасната популација, се уште е под знак прашање, изјави на прес-конференција Ханс Клуге, регионален директор на СЗО за Европа.

Тој ги повика ги државите да избегнуваат повторување на „грешката” од претходните бранови на епидемијата со Ковид-19.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен изјави дека ЕУ ја поддржува целта на Г7 да се стави крај на пандемијата со Ковид-19 до 2022 година со засилување на кампањите за вакцинација.

Во пресрет на тридневниот самит на лидерите на Г7 што ќе се одржи во Велика Британија од 11 до 13 јуни, фон дер Лајен ја истакна позицијата на Европа дека вакцинацијата во рамките на ЕУ треба да се одвива паралелно со извозот на вакцини во трети земји.

– Денеска имаме добри вести. Повеќе од 50 проценти од Европејците примиле барем една доза на вакцина, а 100 милиони од нив биле целосно вакцинирани, нагласи таа.

Сепак, забележливо е дека состојбата со корона вирусот секаде во Европа, па и кај нас има стабилизирачка насока.

Денес, Министерот за здравство Венко Филипче, ја објави можеби најпозитивната вест во изминатите петнаесеттина месеци. Поминато е првото деноноќие без упокоен како последица на вирусот:

„Во последните 24 часа се направени 4.370 тестирања, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19 од: Кичево – 6, Скопје и Тетово – по 4, Прилеп – 2, Битола, Велес, Дебар, Куманово и Охрид- по 1. Пријавено е 1 починато лице: од Куманово (72г)

Регистрирани се 7 оздравени пациенти од: Скопје – 4, Кичево – 2, Струмица – 1. Досега во земјата се направени вкупно 831.031 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.528, бројката на оздравени пациенти е 149.619, на починати е 5.471, а бројот на активни случаи изнесува 438.

Инаку денес е посебен ден за Министерот за здравство Венко Филипче. Го слави својот 44 роденден. Д-р Филипче е роден на 13 јуни 1977 година. Среќен роденден!

Претходна статијаВо чест на жена му: Џамбо Агушев откри која песна ја бара Пандев да се пее на прославите по победите
Следна статијаМарина Туцаковиќ се појави без перика, и изјави многу од пејачите не ѝ се јавиле да прашаат како е (ФОТО)