Д-р Нико Беќаровски со апел до здравствените власти: За да не биде касно, повторно прочитајте ја басната за штурецот и мравката

0

Индискиот сој на вурусот е потврден кај уште еден пациент во Македонија, кој се лекувал во приватна боница, потврди деновиве министерот за здравство, Венко Филипче.

Станува збор за колега на првоткриениот случај со овој мутиран сој кај нас, кој беше регистриран на 7 јуни. И двајцат биле на работа во Ирак, со истиот лет се вратиле во земјава, но кај вториот пацинет, симптомите се појавиле подоцна. Министерот Филипче тврди дека состојбата е под контрола и овој пациент не е ризик.

Сите вакцини штитат од индискиот сој на коронавирусот, но можно е и некој вакциниран да се зарази со таа мутација и да го донесе во земјава, предупредува епидемиологот Драган Даниловски вчера, во интервју за Сител.

– Не знаеме колкав е процентот за такво нешто, но заразувањето со индискиот сој е можно и кај вакцинираните. Сепак мислам дека ризикот е мал, – вели д-р Даниловски.

Во однос на тоа дали учениците треба да ја почнат својата учебна година од училишните клупи, Даниловски е категоричен и наведува дека треба да се вратат.

– Епидемиолошката слика го дозволува тоа. Конечно и дефинитивно треба да се вратат децата во училиштата – изјави Даниловски.

Професорот Никола Пановски пак, за Фактор вели дека индискиот сој нема да можеме да го спречиме да влезе, но, како што потенцира, мора да имаме сериозна и масовна вакцинација за да во текот на есенските месеци не се доведеме повтроно во ситуација која би го блокирала здравствениот систем.

-Тешко дека ќе го спречиме индискиот сој или по ново, делта варијантата да влезе во земјата, прашањето е дали ќе се вакцинираме во што поголем број додека да влезе вирусот и колку вакцините ќе штитат. Лично сметам дека од нив ќе имаме многу поголема придобивка, отколку без вакцини.

Истовремено, за мене е многу важен фактот што голем број од населението го прележале вирусот и дека касј нас дури и овој сој нема да се шири многу брзо, да има силен налет, односно тој и ќе се шири, но нема да има случаи со тешки симптоми и тешка форма на болеста.

Да се надеваме дека вакцинацијата ќе продолжи помасовно. Лошо е што сега има застој. Застојов е навистина необјаснив. Скапите кинески вакцини со не знам каква ефикасност, да се чекаат толку месеци, кој е проблемот навистина не знам.

Во моментов повеќе се врши ревакцинација, односно што се вакцинираат нови. Реално нема вакцини, единствено некои донации што пристигнуваат, последнава Синовак и АстраЗенека и вакцините од Фајзер, други вакцини нема. Масовна вакцинација имаше само од Синофарм.

Значи дневно прва доза примаат само по околу 3-4 илјади, тоа е малку. Повеќе во Србија се вакцинираат отколку тука. Без 15.000 нововакцинитран дневно бништо не правиме. Ако конечно се остварат најавите за пристигнување на огромен број вакцинии, во јули треба 450.000 граѓани да примат прва доза.

Сега има уште околу 180.000 пријавени и тие треба за 15 дена да ја примат првата доза, до 15. јули значи, за да може некаде во септември кога ќе залади, кога ќе дојде овој делта сој да бидат колку толку заштитени, вели проф. Пановски.

Денес и третиот професор кој е особено активен во оваа пандемиска криза, д-р Нико Беќеровски, се огласи по повод индискиот сој и упати кратко, но мошне силна порака до здравствените власти:

„На самиот почеток од летото еден апел до здравствените власти: Повторно прочитајте ја басната “Штурецот и мравката”, пред да биде касно.“

Претходна статијаТања Савиќ ги врати синовите дома од Австралија по една ипол година: Не се плашам веќе од ништо (ФОТО)
Следна статијаЕлена Велевска се пофали со деколтето, доби коментари дури од Јужна Америка! (ФОТО)