Проф. Д-р Нико Беќаровски, покрај професорите Даниловски и Никола Пановски е еден од најактивните доктори во оваа пандемиска криза, кои им ги разјаснуваат дилемите на граѓаните.
Тој вчера, во пост на социјалните мрежи, проговори за кинеската вакцина: ЈАС ДА СИ КАЖАМ (18) – 10 ФАКТИ ЗА ВАКЦИНАТА СИНОФАРМ
-Овие денови една студија спроведена кај нашиот северен сосед предизвика многу дилеми и стравови кај нашите граѓани кои сублимирано имаат еден заеднички именител: “Дали кинеската вакцина е ефикасна ??”
Еве неколку факти, а заклучоците изведете ги сами.
1. Sinopharm и Sinovac се единствените “прави” вакцини, во широка употреба, направени на стариот начин, на кој се произведуваат стотина години наназад, со “умр твување” на вирусот, кој потоа се вбризгува во нашето тело и го “буди” КОМПЛЕТНИОТ наш имунолошки систем.
2. Ниту една вакцина во историјата на човештвото не успеала да биде 100% ефикасна, бидејќи човекот не е машина и нема две идентични индивидуи (освен ако некаде во некоја лабораторија не е направен Клон). Производителот на Sinopharm, декларираше ефикасност од околу 66-80%, а сличен резултат објавија и нашите новосадски колеги.
Што точно значат овие бројки ? Од 100 вакцинирани со вакцинава, ако сите дојдат во контакт со голема количина на SarsCov-2 вирусот, 80 кои имаат веќе “наор -ужана војска” ќе го ув ијат вирусот пред да влезе на нашата територија.
Што ќе се случи со останатите 20?? Кај нив вирусот ќе успее да освои мал дел од територијата, но организмот ќе успее веднаш да ја активира својата “цивилна одбрана”, бидејќи веќе има мемориска информација за непријателот и по краткотрајна борба, организмот ќе ја добие вој -ната.
Сто невакцинирани ако дојдат во контакт со голема количина на вирусот 20 ќе успеат да го совладаат вирусот уште на “самата граница” а кај 80 тој ќе навлезе во територијата. 60 ќе успеат со релативно мали “жртви” да го совладаат но кај 20 ќе создаде сериозни или кат астро-фални последици, кои ќе бараат долготрано лечење и голем процент на постковидни секвели. За жал 3 ќе ја загубат во -јната.
3. Ако е веќе научно се докажа дека “синтетските вакцини” за Ковид, како Pfizer, AstraZeneca, Modetna, SputnikV, создаваат хуморален и клеточен имунитет news-medical.net/…/PfizerBioNTech-and… тогаш повеќе од сигурно е дека и Sinopharm, која е од цел вирус го буди целуларниот имунитет.
4. Ако истражувањето од Србија сугерира дека единствено драстично е намалена ефикасност на околу 60% кај популацијата над 60 години, кај нас за среќа оваа популација во главно беше вакцинирана со AstraZeneca.
5. Се докажа и покажа дека оваа вакцина е идеална за сите кои го прележале вирусот.
6. На Сејшелските острови, каде сите се вакцинирани со оваа вакцина, факт е дека има благ пораст на позитивни, но има драстичен пад на хоспитализирани и драматичен пад на починати.
7. Ако Pfizer, Moderna, AstraZeneca, излегоа со студии дека нивните вакцини се безбедни за доилки и трудници (иако јас лично никогаш не би препорачал вакцинација до крајот на третиот месец од бременоста) тогаш оваа вакцина и без испитувања сигурно го исполнува тој критериум.
8. Ако се пла шите од новите вакцини дека можеби ќе предизвикаат автоимуни заболувања или генетски модификации, тој ст рав со оваа вакцина е комплетно неоснован.
КОИ СЕ ДВЕТЕ НАЈГОЛЕМИ МААНИ на оваа вакцина
1. Дупло подолгиот период потребен за создавање на комплетниот имунитет.
2. Цената, бидејќи оваа вакцина поради нејзиниот состав мора да биде најскапа.