Одговор на Ангел Джамбазки од Трифун Костовски за дрскоста која што ја произнесе со видеото објавено на порталите во Македонија
-Господине Џамбаски, длабоко влеговте во интимното национално чувство на секој поединец кој се чувствува Македонец. Се трудам да ја разберам генезата на вашето обраќање, верувајте ми не можам тоа да го согледам или разберам.
20 и 21 век се само продолжение на еден цивилизациски развој на севкупниот развој на земјината топка.
Ако вашето бугарско национално чувство е оформено во 19 век, а можеби и порано, моето чувство на национална припадност Македонец е оформено во првата половина на 20 век, најпрво преку моите прадедовци и баби, моите родители и денес на моите 74 години ги воспитувам своите деца и внуци дека се автентични Македонци.
Си поигрувате со чувствата на чесните Македонци. Вашето презиме Џамбаски, во нашиот јазик го толкуваме како итрец кој не секогаш на чесен начин се снаоѓа. Не ја разбирам вашата Желба за страшен крај на нас Македонците. Од каде толкава количина на ом раза.
Господине Џамбаски, вие не ми го давате правото како ќе се чувствувам јас и немате воопшто право да се мешате во внатрешните работи на суверена држава.
Со вашиот говор на ом раза само правите уште подлабок јаз со моите пријатели од Бугарија. ЗОШТО? Што ви е позадината? Не можете во 21 век да бидете на политичката сцена со излитени националистички пароли. Нека ви служи на чест.
Чувствувам потреба да ве посоветувам и да се извините на Македонците кои се чувствуваат национално Македонци со вашата непромислена и контроверзна изјава.
Треба да градиме иднина на сите народи кои што живеат на Балканот, меѓутоа говорот на непочитување и омраза, никогаш нема да не донесе на ниво на современ развој, благосостојба и меѓусебна толеранција и почит.
Вие сте моите соседи Бугари кои јас ве почитувам со вашата традиција, историја и посебност. Ништо повеќе не бараме само бараме нормален реципроцитет.
Пријателе, немам намера да создавам лоши меѓусоседски односи, меѓутоа немам намера да го прифатам како реалност твојот став кој длабоко мене лично ме засега.
Ред е да и вие Бугарите извлечете поука од историјата. Цел век водите во -јна за ова парче земја-денешна Македонија, каде ги изгубивте сите вој-ни, не поради Србите, Албанците или Грците, туку токму поради нас Македонците.
Реалноста е таква дека јас како Македонец сум најново оформената нација на Балканот, ама тоа во ниеден момент не значи да ме негирате.
Почитуван пријателе, време е да извлечеме поуки од историјата и иднината да ја градиме заеднички. Флоскулите на националната нетрпеливост или агр -есивност кон туѓи територии треба да оди во заборав.
Господине Џамбаски ви се обраќам вам, бидејќи вие се дрзнавте да влезете во моето најдлабоко национално чувство. Престанете ве молам! Од мене имате подадена рака за добрососедство, соработка, меѓутоа на принципи на меѓусебно уважување и респект.
Бараме само реципроцитет. Трифун Костовски