По министерот Филипче, синоќа и директорката на Инфективна Стевановиќ предупреди за потешките клинички слики

0

Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера во своето обраќање на прес конференцијата на која присуствуваше и премиерот Зоран Заев, информираше за текот на вакцинацијата. Тој кажа дека имало два случаи на колапс, кои многу брзо биле рехабилитирани.

Министерот Филипче предупреди дека овој сој кој е сега доминантен е сосема различен од претходниот:

-Ако порано по четиринаесет дена пациентите се рехабилитираа и одеа дома, сега ситуацијата е поразлична. Клиничките слики се многу потешки, а влошување на состојбата доаѓа практично одеднаш, преку ноќ, рече Филипче.

Особено е поразително што во овој бран, со овој сој, се заразуваат сè помлади лица, кои завршуваат со хоспитализации, нешто што порано не се случуваше или се случуваше во помал број.

Поради тоа, се апелира на максимална будност и строго придржување на мерките, како би се пребродил и овој бран, беше заклучокот на премиерот Заев, министерот Филипче и заменк министерот за здравство.

Претседателот на комисијата за заразби болести, Жарко Караџовски рече дека сега се соочуваат со недостаток на медицински кадар:

-Медицинскиот кадар е уморен и сега, во овој бран се соочуваме со недостаток од персонал. Тоа е една од најголемите причини зошто ги носиме овие мерки. Мораме да го одмориме медицинскиот персонал, рече Караџовски.

Синоќа директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ на гостувањето на телевизија Телма изјави дека потешката клиничка слика која ја развива британскиот сој на вирусот, за жал носи и млади и здрави животи.

Стевановиќ истакна дека за разлика од изминатиот период кога поранливи биле постарите лица и оние со коморбидитети, сега потешка клиничка слика се развива за многу пократко време и предизвикува проблеми и кај помладите и здрави пациенти.

„Новата варијанта на вирусот остава подруга слика и тоа не само во симптомите, туку и во тежината на болеста, времетраењето на болеста и во времето кога се појавуваат симптомите.

Ако претходно научивме една динамика на негово развивање и очекувавме компликација 7-8 ден и потоа 10-11 ден како можност за наредно влошување на состојбата, сега се остава впечаток дека оваа варијанта дава влошувања и после 13-14 ден, но и на самиот почеток на болеста.

Така што многу е непредвидлив и за жал развива многу потешка клиничка слика“, истакна Стевановиќ во емисијата „Топ тема”.

Во однос на лекувањето, посочи, дека по ништо не се разликуваме од она што се применува во регионот и во светот.

„Ние имаме најниска бројка на поч инати на милион жители, но тоа ни оддалеку не е нешто за што човек треба да се пофали. Тоа се загуби кои секој бел мантил ги носи не само професионално, туку и емотивно“, рече Стевановиќ.

Капацитетите на Инфективната клиника, како што соопшти, се во целост исполнети, но динамиката на испишување и прием на нови пациенти, дозволува да се опфатат и пациентите кои би дошле во следните денови.

Дури и во случај кога капацитетите на Клиниката се исполнети, постои тесна комуникација со останатите ковид центри и досега, како што посочи, не е оставен ниту еден пациент незгрижен.

Претходна статијаЖена му на Огњен Амиџиќ се огласи луто на Инста, имаше и зошто
Следна статијаПознатата наша пејачка се омажи во Лас Вегас, живее во Њу Џерси, но не ја заборава Македонија