Наспроти очекувањата за стивнување на бранот, Филипче предмалку информира за зголемен притисок врз болниците

0

Вчера Министерот за здравство Венко Филипче, на социјалните мрежи напиша дека на работен состанок со вицепремиерот Љупчо Николовски, разговаравле за измената на Законот за здравствена заштита.

-Измените на Законот за здравствена заштита се однесуваат на утврдување на највисоки цени што приватните болници ќе може да ги наплаќаат на ковид пациентите кои здравствената услуга ја плаќаат со лични средства.

Предлогот на Законот е цените во приватните болници да бидат изедначени со рефернтните цени утврдени од Фондот, односно дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти да се движи од 40.000 до 305.000 денари.

Ова е заклучокот на ГККШ, предводен од претседателот на Владата Зоран Заев, кој предлог утре ќе се најде на седница на Влада, напиша вчера Министерот Филипче на социјалните мрежи.

Тој утрово доплони дека денеска на седница на Влада е Законот за здравствена заштита со чии измени предлагаме цените во приватните болници да бидат изедначени со референтните цени утврдени од Фондот за здравствено осигурување.

Со измените во Законот дијагонстицирање и лекување на ковид пациенти предлагаме да се движи од 40.000 до 305.000 денари.

Државата освен што има овластување да склучи договор со приватните болници преку ФЗО, може да постави и лимит за максимален износ на едно приватно лекување од Ковид 19.

Регулирањето на цените е неопходно за да не се доведеме во ситуација приватните здравствени установи да останат недостапни за огромно мнозинство на граѓани во нашата земја.

Ги повикувам сите пратеници во Собранието да дадат поддршка на оваа регулација на цените за здравствени услуги на ковид пацинети во приватните болници.

Во време на пандемија од клучна важност е пратениците да го изгласаат оваа законско решение со кое цените за третман на пациенти во приватните болници ќе бидат финансиски издржливи за сите граѓани, напиша денес Филипче.

Наспроти сите очекувања, дека конечно овој најнов ковид бран ќе почне да опаѓа, а по повеќенеделните нагорни бројки, се чини дека состојбата е се уште неповолна.

Министерот Филипче предмалку извести за состанокот со директорите на клиниките на кој бил информиран за зголемен број пациенти:

-Состојбата низ болниците секојдневно се менаџира според потребите, исполнетоста и отворањето на нови места за хоспитализација. На утринскиот состанок со директорите на Клиниките разменивме информации во однос на состојбата.

Ситуацијата е сериозна и во овој момент имаме благо зголемување на притисокот врз ковид центрите, односно во текот на вчерашниот ден имало поголем број на нови хоспитализаци.

Мерките даваат резултат, но потребно е максимално придржување до истите за да го надминеме и овој епидемиолошки бран, напиша Министерот Венко Филипче.

Инаку нашата држава е еден од лидерите во регионот, но и пошироко по бројот на упокоени од вирусот. Деновиве дневните бројки се движат помеѓу 30 и 50, што е навистина висока бројка. Поради тоа, здравствените власти повикуваат на максимална одговорност од граѓаните.

Претходна статијаЕдна песна на Балашевиќ ја опиша големата љубов на оваа позната пејачка
Следна статијаБез око да и трепне ми рече: Ми се одјаде кога и ги видов валканите раце на мајка ти – во дом да ја однесеш