Министерот Филипче предмалку објави: Предлог за нови мерки кои ќе важат од среда

0

Состојбата со последниот пандемиски бран кај нас, се чини дека се смирува. Министерот за здравство Венко Филипче вчераљ објави дека во последните 24 часа се направени 2.362 тестирања, а регистрирани се 314 нови случаи на Ковид 19 во: Скопје 143, Куманово 30, Битола 18 -Велес 16, Струмица 15, Прилеп 14, Штип и Охрид по 9, Тетово и Ресен по 8, Кочани и Гевгелија по 6, Кавадарци и Виница по 5, Гостивар и Кичево по 4, Свети Николе и Струга по 3, Берово и Пробиштип по 2, Делчево, Богданци, Крушево и Демир Хисар по 1.

Пријавени се вкупно 27 поч инати лица: 8 од Скопје (51г, 68г, 70г, 72г, 72г, 79г, 81г и 88г), 5 од Битола (70г, 73г, 73г, 74г, 81г ), по 2 поч -инати лица од Куманово (65г и 75г), Струмица (65г и 82г) и Крива Паланка (65г и 75г), по едно лице од Тетово (80г), Велес (74г), Кавадарци (64г), Струга (72г), Кочани (80г), Свети Николе (70г), Дебар (73г) и Демир Хисар (91г).

Регистрирани се 557 оздравени пациенти од: Скопје 275, Битола 52, Куманово 49, Велес 28, Прилеп 25, Тетово 21, Гостивар и Кочани по 19, Струмица 13, Свети Николе 12, Кичево 8, Гевгелија и Валандово по 6, Пробиштип 5, Берово 4, Богданци и Кратово по 3, Македонски Брод 2, Струга, Неготино, Ресен, Радовиш, Виница, Крушево и Демир Хисар по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 709.457 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 150.588, бројката на оздравени пациенти е 129.053, на поч -инати е 4.677, а бројот на активни случаи изнесува 16.858.

Тој денес на прес информираше за мерките кои не очекуваат во пресрет на верските празници:

-Предлог за нови рестриктивни мерки со почеток од среда, кои предвидуваат да работат само летните тераси на угостителските објекти, а полицискиот час да започне од 21 часот и да трае до 5 часот наутро.

За престојните верски празници за Велигден и Рамазан Бајрам да нема ограничувања во движењето, но угостителските објекти да затвораат во 20-20:30 часот.

-Верските лидери земаа обврска црковните служби и молитвите да ги организираат надвор од верските објекти. Ова е состојба во која сите мора да сме исклучително внимателни.

Таков начин на организација комбинирана со одговорност на граѓаните ќе не доведе во ситуација да нема прекршување на мерките. Сите со сопствената одговорност, да покажеме дека можеме функционираме и во присуство на вирусот.

-Комплетно се подготвени спортските сали за масовна вакцинација во Охрид и во Штип. Денеска завршува подготовката на салата во Битола, а во Кавадарци, Тетово и Куманово ќе бидат завршени до крајот на оваа недела, по што ќе следува и масовна имунизација со кинеските вакцини кои треба да пристигнат по Велигден.

-Вакцинацијата на територијата на цела држава се одвива без проблем. Во А1 СЦ Борис Трајковски во тек е ревацкинација на првата група вработени во критичната инфраструктура.

-Епидемиолошката крива е во опаѓање и бројот на хоспитализирани пациенти во континуитет се намалува во изминатите денови. Бројката на примени пациенти во ковид центрите во Скопје и низ државата е се помала и се зголемува бројот на испишани пациенти на дневно ниво.

Епидемиолошката состојба се смирува, но останува да се почитуваат мерките за заштита.

Претходна статијаЈа фрлив гитарата во вода од мака: Огњен Амиџиќ раскажа емотивна приказна
Следна статијаТажната приказна на самохраниот татко Миле Думиќ од Кисела Вода: Сè што градев 30 години, ми се пеплоса за 5 минути