Каролина Ристова за моралистите кои ја искористија Верица за да ставаат срценца на профилни

Професорката Каролина Ристова Астерид, со статус на својот профил на социјалните мрежи дава коментар, малку поинаков од сите други, околу последните трансплантации во нашата држава, од донорот Верица Белчовска:

„Еве и јас нешто во чест на Верица Белчовска, но од поинаков агол од тој што е доминантен:

Младо и здраво девојче на 20 години, со животот пред себе, прега-зено на пешачки од исто толку млад возач кој побегнал.

Колата изгледа не била „б есна”, возачот кој ја прега-зил исто нешто неинтересен за обработка од јавноста, ма дури ни за да предизвика голем револт што ја здувнал, наместо да ја пренесе својата ж ртва до болница, нешто што живот може да значи.

Ма гарант некој „небитен”, а штом е таков, имаме разбирање, сигурно е некој просечно „како нас”. А и она како ж ртва непозната, јавно непрофилирана сограѓанка, и тоа исто беља работа.

Оттука, нашата редовно хиперморална и турбо доблесна јавност, особено ревносна кога тоа треба да се сигнализира по социјалниве мрежи, реши да ја слави нашата нова хероина само како када-вер чии ор гани биле донирани, а со особена нагласка на нејзиното срце, тоа впрочем е многу јако емотиконче за правење на профил-фотки.

А многу веројатно и оти орга-нодонаторството е новата „кул” кауза за такви морални себеувеличувања и за сигнализирање на сопствената хуманост и прогресивност.

Ова, самото по себе, не е проблем, дотука и океј ми е. Впрочем, како што луѓето знаат да ефектуираат лоши работи со почетно добри мотиви, исто може и обратно, од лоши или погрешни мотиви да ефектуираат нешто добро.

Утилитаристички гледано, главен е крајниот ефект, дали тој е добар, а поттикнување на ваквиот облик на орга-нодонаторство секако дека е. И, дефинитивно, нешто што никогаш не треба да се зема здраво за готово, и нешто за што секогаш треба да се искажува длабока почит и огромна благодарност.

Проблемот почнува од тоа што никаде ја нема темата како Верица станала када-вер за донирање о ргани. Гуглам, гуглам, ја нема, онака попатно едвај. Не е опа-ка и с-мртоносна болест, не е не-среќен случај, не е авионе-среќа, не ја кас-нала змија, не ја у дрил гром, не ја уда-вила некоја подводна струја, не е некоја друга виша сила.

Нејзината с мрт не била неизбежна во некакво вообичаено разбирање на зборот.
Е каде е ТАА тема како паралелна тема со минимум иста по тежина важност?!

Жр-твите на ТАКВИТЕ сообраќај-ќи се чествуваат со тоа што ќе се збори и за ТОА, а не само заради тоа што последователно би станале када-ври чии о ргани се донирани, така е или не?

Млади животи на 20 години прега-зени на пешачки од возачи кои побег-нале, преставува врвна тра-гедија и из-гор за блиските, но и кри-минал, огромен проблем и огромен с рам, предизвикани од човечки фактор на ви-на, најчесто од небрежност, и со човечко (не)сторување, а за што ова општество и држава треба да вложуваат максимални напори да бидат елими-нирани.

Ние сме исклучок, а не правило, во Европа, каде ова се рационализира со „секому може да му се случи”. Не, обратно, шансите да ве у дри гром треба да ви станат поголеми отколку шансите да ве прега-зат на пешачки премин!

И само така целосно и вистински ќе се чествува Верица, со фокусирање на тоа да нема други како неа!

Се разбира, освен ако пак нешто, онака по нашите афинитети за ек-стреми и постојано утнување на вистинската мера, уште повеќе на вистинските теми, (преќутно) сме си дошле до генијална идеја дека уте-пани во сообраќајќи здрави и млади на 20 години се нашата шанса за развој на орга-нодонаторството и за спасување на други животи на тој начин?!