Д-р Вело Марковски: Граѓаните да ги фрлат оксиметрите – тоа е работа на доктор

0

Вечерва во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, гости беа д-р Милан Ристески и д-р Вело Марковски.  Вело Марковски долго време не се појавуваше на медиумите, а во последниве 3 дена ова е енегово второ интервју.

Марковски завчера рече дека целиот здравствен систем е на колена, бидејќи во последните два квартала од минатата година има драстично поголем број поч инати во споредба со претходната година. Тој, како што нагласи не знае дали тоа се должи на ковид или на други причини.

Д-р Марковски проговори и за давањето на сумамед и панцеф како терапија за вирусот ковид:

-Тоа што го прават матичните лекари, но и мои колеги специјалисти, заслужува доколку им се случи вторпат, веднаш да им се одземе лиценца, рече Марковски. Недозволиво е да даваат антибиотик на вирусна инфекција.

Вело Марковски го искритикува и давањето на Ивермектин на позитивни на Ковид, особено превентивно, бидејќи, како што вели тој, ова е неиспитан антипаразитен препарат за кој во лабораторија се утврдило дека делува на ковид. Во лабораторија може да реагираат многу препарати, вели Марковски.

Д-р Вело Марковски особено се задржа на носење маски на отворено и рече дека тој е против ваквата мерка. Според него, носење на маска на отворено во многу придонесува за зголемени пневмонии, бидејќи носењето маска на отворено се случува аспирација, која е индикатор за пневмониите, рече Вело Марковски.

Околу имунизацијата, Вело Марковски вели дека мора да се обезбедат вакцини за оние кои сакаат да се имунизираат.

Но д-р Марковски вели дека пред да се имунизира некој, мора да му се направи тест за антитела, бидејќи според него е ризик да се вакцинира прележан кој има антитела:

-Ние мораме да им мериме антитела на луѓето, бидејќи некој кој прележал, нема потреба да се вакцинира минимум 6 до 7 месеци, напротив, тоа може да има несакани ефекти од премногу антитела во телото, кое ќе се обиде да ги исфрли преку бубрезите, но ако се премногу може и да не успее, па тие антитела да завршат во срцето или друг орган и да направат проблеми.

Д-р Вело Марковски и вечерва ги повтори сличните тези, но имаше и нови напомени, а тоа е за психозата која се јавува кај граѓаните кои дома проверуваат на пример сатурација:

-Тоа е работа на доктор. Граѓаните тие оксиметри да ги фрлат во ѓубре, вели д-р Марковски. Се знае, единствен индикатор е ако има повеќе од 20 интервали во минута, или континуиран пулс над 100.

Со оксиметрите само се плашат, бидејќи тие се најчесто непрецизни и во зависност од надворешната температура, можат да дадат различни вредности, рече д-р Марковски.

-Во однос на актуелните мерки, зада анализираме дали овие мерки се задоцнети, ни треба многу повеќе информации и анализи. Ние за жал, не ги добиваме, затоа што немаме транспарентност“, вели доктор Вело Марковски за емисијата „Само вистина“.

Според него, една работа што доминира цело време е дека не се објаснува зошто се носат мерките и која е нивната цел.

„Како што беше претходната мерка за полициски час до 22 часот, тоа немаше никаква логика. Овие рестриктивни мерки нема да дадат резултати. Ако сакаме да ги одмориме лекарите, подобро се да затвориме на 4 или 5 дена, колку што трае инкубацијата“, посочува докторот.

Д-р Милан Ристески не се согласи со Вело Марковски околу ревакцинацијата со трета доза во текот на една година на оние кои се имунизирале:

-Ќе видиме, ние сега ништо не знаеме, рече Ристески. Можеби, кога организмот ќе дојде во контакт со ковид, ќе развие и дополнителни антитела, па можеби нема да биде потребна ревакцинација воопшто, рече д-р Милан Ристевски.

Д-р Вело Марковски пак смета дека доколку природниот имунитет на оние кои прележале е 6 месеци, кај имунизираните ќе биде помал.

Претходна статијаСе преселив во Норвешка и планирам да не се враќам – овде никој не се „дере“ на телефон и не ја оградува терасата
Следна статијаНемам појма дали ќе успеам: Кристина Арнаудова не се плаши од ништо