Васко Ефтов: Јас мислев дека владите на Бучко и Љубчо се „село без кучиња“, но што се случува сега?

0

Новинарот Васко Ефтов, кој во минатото се сметаше за близок на политиките на СДСМ, во последно време, од гледачите на неговата емисија, како и од коментаторите на социјалните мрежи, е оценет за новинар, кој најреално ги оценува состојбите во македонската држава.

Васко Ефтов во синоќешната емисија која последните две сезони ја реализира на социјалната мрежа Јутјуб, искажа низа критики на актуелната владеачка гарнитура, пред сè околу нивното справување со актуелната пандемија, набавката на вакцини, но и однесувањето на поранешни и актуелни функционери од оваа власт.

Ефтов дел од емисијата посвети на поранешниот Генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, кој во медиумите се соочува со афера за набавка на софтвер од приватна фирма, кој никогаш не бил употребен, а истовремено е на одмор во Мексико.

-Колкав политички аналфабет треба да бидеш, за во ова време, во време на пандемија, кога народот македонски се соочува со провалија, ти да одиш на одмор во Мексико и уште да велиш дека сега било многу ефтино.

Велиш да сме отвореле Букинг и да сме виделе дека сега е ефтино. Па како да биде кога е пандемија. Да, сега е најефтино, но не оди ти сега да одиш и да уживаш кога народ неможе да врзе крај со крај и се бори со пандемијата, вели Ефтов.

-Што да кажеме за имунизацијата. Колку е неспособна оваа Влада. Па на Боро Малборо од Ново Село да му речеа, ќе најдеше илјада вакцини, а не цела власт да неможе да обезбеди дози.

Венко Филипче лани ова време имаше 80 проценти рејтинг, колку има сега? Успеа да ги потроши сите кредити кај народот поради неговата неспособност и не само неговата, туку на целата оваа гарнитура.

Па вие со ваквото владеење ќе го вратите на власт Христијан Мицкоски. Ќе го вратите Груевизмот на Илинденска б.б. И тоа Груевски беше Мајка Тереза за овие неспособни сегашни опозиционери. Но колку сте неспособни, вие ќе го вратите Груевизмот на власт, рече Васко Ефтов, обраќајќи се на власта на СДСМ.

Во продолжение на емисијата, Васко Ефтов го најави својот гостин, лидерот на Македонски конгрес и поранешен реформатор во ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески. Како што рече Ефтов, ретко некој во неговата емисија да гостува по трет пат, но бидејќи Богојески во последниот настап погодил многу настани, одлучил повторно да го покани.

По објавувањето на пост на Бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов со имиња кои кореспондираа со македонски политичари, а за кои тој вели дека имаат бугарско државјанство, беше и името на Петар Богојески.

Васко Ефтов неколку пати го праша Богојески дали се точни таквите наводи, притоа презентирајќи му аргументи дека се водел на адреса во центарот на Софија, улицата „Обориште“, каде што се наоѓа централата на бугарските тајни служби.

Богојески се смееше на ваквите наводи и рече дека нема бугарско државјанство, презентирајќи виза издадена од бугарската држѓава за влез, со што тој вели дека се потврдува неговата теза, бидејќи доколку имал државјанство и пасош, зошто би му давале виза.

Петар Богојески повтори некои тези кои и претходно ги има кажано, дека практично Заев и Мицкоски се лице и опачина, двете страни на една паричка, односно, Заев го штити Христијан Мицкоски, бидејќи му е „седнат“ во скут.

Според Богојески, сега се работи на спасување на Орце Камчев од Шутка и не случајно тој го има одбрано актуелниот адвокат, кој е функционер во партијата ВМРО-ДПМНЕ.

Петар Богојески напоменува дека е можно да има широка коалиција, но според него Христијан Мицкоски нема да биде премиер.

На ова, новинарот Васко Ефтов го праша зошто, ако е Мицкоски толку слаб, не успеваат да го детронизираат од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи, како што му напомена на Богојески, тој е близок со Американските политичари.

Петар Богојески не одговори конкретно на прашањето, туку образложи дека Американците, после разговорот со Мицкоски, како и некои администрации на други држави, дале веднаш соопштение, за јавноста да не биде манипулирана дека било зборувано нешто што не било.

-Во тој разговор е каѓжано дека на Македонија и е потребна конструктивна опозиција, рече Петар Богојески.

Емисијата можете да ја погледнете ТУКА

Претходна статијаВчера после не знам колку време се почувствував како југословен – заедно со Срби, Хрвати, Босанци, Албанци
Следна статијаВнуката на Зафир Хаџиманов, Марта, со тажна приказна се прости од својот дедо