Стевчо: Не се само Арачиновци, ги има многу

0

Голема прашина се крена во јавноста изминатите два дена, по информацијата дека Арачиново е единствената општина во Македонија што воопшто не наплатила данок на имот, покажува истражувањето кое го спроведе Центарот за граѓански комуникации.

Општината за 2017, 2018 и 2019 воопшто нема даночни обврзници. Тоа што е потрагично е што образложение на локалната самоуправа е оти немаат таква база на податоци, односно дека кај нив не постои даночно одделение.

Данокот на имот е еден од главните извори за полнење на општинските каси. При лошо менаџирање се бараат пари од централната власт. На тој начин Владата од државниот буџет му даде на Арачиново 500 000 евра неповратна помош на крајот на 2020 година.

Премиерот Зоран Заев во синоќешното гостување на ТВ Сител, во врска со овој проблем, рече:

-Се плаќа, ама многу малку. Таму има многу често изрази на насилство кога се бара да се наплати данокот на имот и треба да се стави ред и поредок. Тоа е изворен приход на општината и треба да го направи тоа. Општина Арачиново никогаш не се развивала како што развива од 2017 година наваму.

Но, ќе кажам под наводници, со државни пари. Се решаваат историски прашања, школи се реновираат, општинска зграда се гради, се гради канализација, се изгради резервоар во едно од селата во општините, се прават улици, улично осветлување – рече Заев.

Според истражувањето на Центар за граѓански комуникации за наплата на данок на имот за 2017, 2018 и 2019 година, Општина Арачиново воопшто не наплаќа данок на имот, со образложение дека немаат база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение.

Со коментар по повод ваквите вести на социјалните мрежи се огласи и поранешниот градоначалник на општина Карпош, Стевчо Јакимовски:

„Силната невладина организација на Герман Филков направила истражување во кое констатирала дека Арачиново не си го собирала данокот на имот. Смешно!

Имам едно прашање до Државниот завод за ревизија и не само за Арачиново туку за секоја општина која не го наплаќа данокот на имот. Тоа е ненаплатено побарување.
Како на пример некој да треба да плати комуналии за градежна дозвола, а не платил, а вие сте му издале одобрение за градба. Ќе бидете ли кр ив-ично гонет? Па ќе бидете 102,6%!

Како може за не наплата на едно побарување да одговараш кривично а за побарувањето на данок по основ на имот да не одговараш.

Законодавецот им дал право на градоначалниците за годината која што е измината а тоа е од 01.01. наредната година да извршат присилна наплата преку трансакциските сметки.

Дали е јасно на јавноста за еден четиригодишен мандат на еден град или на сите заедно доколку не извршиле присилна наплата, за колку мил евра ги оштетиле општинските буџети. Така е, и така треба да продолжиме.

Градоначалниците од опозицијата ќе одговараат за садење цвеќиња по Партизанска, за изградени општински бараки, ќе добиваат измислени кри -вични пријави, а претставниците на власта на нанесена директна штета на буџетот на локалната самоуправа и тоа по непосредна нивна вина, нема да одговараат. Само така продолжете!

Вие од Државен завод за ревизија, Антикорупциска и останати органи на прогон, Герман Филков само ќе ви констатира, за наводно да ја зголемува граѓанската свест и да ги оправда парите што ги добила неговата невладина организација.

Со ваква анализа и пријава до обвинителство треба да излезе Државен завод за ревизија а не невладина организација само да констатира за да свеста им била поголема на Арачиновци. Но проблемот е што и не се само Арачиновци. Ги има многу!“

Претходна статијаБаба Драгица ѝ напиша емотивно писмо на внуката Ана кое е вистинска животна лекција
Следна статијаНека е честито баба Цули – д-р Софијанова за 8. март го доби најубавиот подарок