Јоци: Дозволено им е на наши луѓе да шетаат по занзибари и танзании, а не е дозволено свадби и веселби во Македонија

0

Многумина деновиве на социјалните мрежи, гледаат фотографии од наши сограѓани кои отишле на одмор во Занзибар или на Малдиви. Фокус вчера пишуваше дека ова се должи на извонредно поволните услови кои ги нудат агенциите за патување на овие дестинации.

-Огромен интерес за 11-дневно патување во Занзибар, Африка, популарен како егзотичен рај, има изминатиот период во земјава. Агенциите нудат аранжмани од девет ноќевања, односно 11 дена, по цена од околу 1.000 евра, а она кое што е додатна поволност за нашите туристи е што за ова патување не е потребен негативен тест на корона вирусот.

Влегуваш во авион, и се упатуваш кон рајската дестинација со најубави плажи, превкусна храна и авантури во ритамот на Африка – вака го опишуваат патувањето нашинци, кои кон крајот на февруари се вратија од Занзибар, пренесува Фокус.

Од туристички агенции со кои редакцијата на Фокус стапила во контакт им потврдиле дека не е потребен негативен тест на вирусот за влез во Занзибар, ниту пак на враќање назад, за влез во Македонија. Се патува авионски преку Истанбул, и за таму не бил потребен тестот, бидејќи не се напуштал аеродромот додека се чека конекцијата.

-Во февруари имавме многу нашинци кои патуваа во Занзибар, сите се вратија презадоволни. Сега, наредниот термин е кон крајот на март, исто така постои огромен интерес. Цената може да варира со околу 100, 200 евра, во зависност од побарувањата на туристите – велат од агенциите за Фокус.

Тоа што во регионот е регистриран јужноафриканскиот сој на корона вирус, за кој здравствените власти во Хрватска потврдија дека го донеле лица кои патувале во Занзибар, очигледно дека нашинците заинтересирани за оваа африканска авантура не ги загрижува, пишува фокус.

Во меѓувреме, сопружници од Битола кои се вратиле од Занзибар се позитивни на ковид 19, пишуваат денес медиумите.

Иако се мислеше дека е јужноафрикански, сепак британски сој на корона вирус е утврден кај еден од сопружниците од Битола кои пред неколку дена се вратиле од Занзибар каде престојувале 15 дена.

За другиот пациент ќе се знае утре дали има или не јужноафрикански сој на ковид 19. Мажот е сместен во Специјализираната болница за нефрологија во Струга, а неговата сопруга во ГОБ 8ми септември. Директорот на струшка нефрологија Александар Попоски информира дека пациентот се наоѓа во стабилна состојба.

„Петнаесет дена престојувал во Занзибар, а последните два дена имал симптоми, кои се суспектни за Ковид 19. Пациентот сега е стабилен. Афебрилен е моментално. Рентгенски има една почетна состојба на бронхопневмонија еднострано.

Има покачен цр протеин кој е маркерна инфекција. Температура за сега нема. Изолиран е. Дијализа сѐ уште немаме започнато“, вели Ацо Попоски-директор на Центар за дијализа Струга, а пренесува Курир.

Од регионот, јужноафриканскиот сој на вирусот потврдија дека го имаат Хрватска и Словенија благодарение на овие патувања во Африка. Јужноафриканскиот сој го нарекуваат „панцир-вирус” зашто лесно може да ги совлада дури и оние кои веќе го прележале стариот сој на вирусот и прашање е дали вакцината штити од него.

Нашата позната новинарка Јорданка Ивановска Јоци, на својот профил на социјалните мрежи, поставува дилема која е вредна за разговор и анализа. Таа се прашува како е можно да им се дозволува на агенции да организираат тури во Африка, без никакви тестови при одење и враќање, а во зњмјава не се дозволени свадби и веселби:

„Дозволено им е на нашиве агенции да шетаат луѓе по танзании и занзибари и да донесат тука и ебола евентуално, а не се дозволени свадби во Македонија и слави и родендени?

Оди, па разбери кој го смислил ова од Влада. Веројатно некој кој пие пет ракии само за доручек. Арно ,,туристиве” не закачија ,,црна чу ма” или ,,вариола вера”.“

Претходна статијаВане Маркоски му постави интересно прашање на парот кој се врати од Занзибар
Следна статијаЗорица Брункцлик: Имам четири деца, планирам уште едно