Ина Василевска му порача на Нино Тодоров: Трчај кај Мицкоски и моли за прошка, еве иде Прочка

0

Вчера, на изненадување на сите, премиерот Зоран Заев во Парламентот побара гласање за доверба на неговата влада. Според деловникот на Собранието, кога премиерот бара гласање доверба, тоа се прави веднаш, истиот ден, без расправа, така барем протолкуваа познавачите на правото и деловникот.

Зоран Заев ваквиот свој потег го образложи со потребата од демант на опозицијата, која според него „шири магла“ дека има парламентарно мнозинство и дека владата само што не паднала.

Ваквите тврдења во јавноста најчесто ги пласираше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој со недели наназад тврдеше дека опозицијата има мнозинство во парламентот и во одреден момент ќе се побара доверба за владата на Заев.

По вчерашното изненадување од Заев, на социјалните мрежи се огласи лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски, кој напиша:

„Нема човек кој е задоволен од оваа Влада и затоа сите граѓани со мачнина го гледаат ова денешно препелкање на Заев во Собранието. Јас ќе речам, бидете спокојни. Најдоброто за нашата земја допрва доаѓа.

Заев е ма фи-јаш, тоа е дел од неговиот карактер. Тоа што на мала врата на сила протуркува во Собрание гласање за недоверба на Владата, ограничувајќи ја јавната дебата никако не е израз на неговата сила, туку е доказ за неговата огромна слабост, но и недоверба во мнозинството кое многу лесно ќе го загуби.

Тоа што ја користи состојбата на мојата изолација поради заразата со ковид вирусот, сакам да знаете дека не го спасува од паѓање на Владата. Вака ќе купи уште некој ден живот на Владата приклучена на апарати за дишење, но исто како и мојата ковид зараза тие денови ќе поминат.

А тогаш повторно ќе се постави прашањето за доверба на Владата, при што сите негови актуелни закани, уценувања и притисоци врз пратеници ќе паднат во вода, и ден потоа Заев нема да биде премиер. Се гледаме наскоро!“

Аналитичарите во текот на вчерашниот ден, беа со спротивставени мислења:

-Мислам дека во последно време се појавија многу шпекулации за Владата во однос на тоа колку е стабилно, кохезивно и хомогено владиното мнозинство. Мислам дека ова е потег со кој Заев сака да демонстрира дека владеачкото мнозинство е на куп и функционално и второ дека е обид да го рестартира фунцкионирањето на Собранието со повторното појавување на цел парламентарен кворум,изјави Петар Арсовски- политички аналитичар, за Канал 5.

-Барањето на Заев за гласање на доверба не е насочено кон опозицијата иако се обиде така да го претстави туку е директен акт на дисциплинирање на владеачката коалиција. Тие проблеми што ги има Зоран Заев допрва ќе излегуваат на површина бидејќи тој со овој потег се обиде да ја фрли јавноста во друг правец, истакна Сафет Бишевац за Канал 5.

Со своја анализа на вчерашниот ден, се огласи и еден од најгласните противници на Христијан Мицкоски во рамките на ВМРО-ДПМНЕ и припадник на групата која бара оставка од актуелниот лидер, Никола Тодоров.

Тодоров вчерашните настани ги оцени како уште еден голем пораз на актуелното партиско раководство и побара нивно заминување:

„Почитувани членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ. Вчерашниот ден беше разочарувачки за сите нас од три причини. Прво, владата на Заев опстана. Не и беше изгласана недоверба и овој факт не може и не смее да го направи среќен било кој наш член или симпатизер без разлика дали се согласува или не со политиките на актуелното раководство.

Никогаш не сум ликувал и никогаш нема да ликувам на било кој пораз на ВМРО, без разлика на тоа кој го води ВМРО и дали лично се согласувам или не со претседателот на партијата. Затоа велам, жалам што опстои владата предводена од Заев и СДСМ.

Втората причина за разочараност е фактот што излезе на виделина лагата дека има ново парламентарно мнозинство предводено од ВМРО. Кај сите членови се подгреваше лажна надеж од страна на Мицкоски дека владата е готова, падната, и дека за неколку дена ова ќе биде реалност.

За жал, Заев на еден бр ут ален начин, политички, го тресна од земја Мицкоски по стоти пат. Јасно е, се додека Мицкоски е на чело на ВМРО, Заев ќе си игра мајтап со ВМРО и ќе биде на власт во државата. Мицкоски си оди, Заев си оди!

Третата причина за разочараност е што сопартијци, очи си вадат по социјалните мрежи, со погрдни зборови и лоши мисли. Повторно причината за длабоката поделба е Мицкоски. Мицкоски си оди, ВМРО се обединува!

Само сплотени можеме да станеме модерна, европска, центар десна партија и само така ќе си ги повратиме изгубените над 150.000 гласови. Или ќе останеме робови на минатото или ќе покажеме храброст и визија за иднината. Да живее Европска Македонија!“

На неговиот статус, во коментар му одговори актуелната пратеничка во Парламентот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна членка на Извршниот комитет на партијата, од каде неодамна беше разрешена, Иванка Василевска:

„Нино, оти само ти и Шеќеринска лошо го цитирате Сун Цу, јас ќе те поздравам со колосот Конфучие. Тој еднаш му рекол на еден како тебе: Ако мразиш, тогаш си поразен”.

Се додека си замрачен и по потреба излегуваш од зад завесата, ќе докажуваш всушност колку си уценет и колку малку тежиш.

И еден христијански совет, трчај кај Мицкоски и моли за прошка, еве иде Прочка, па обиди се да ги поправиш грешките кои ја доведоа Македонија до ова дереџе. Вака, ништо не постигнуваш.“

Претходна статијаЗа ќерката на Чола не се знае сè, откриено уште едно нешто по кое е уникатна Уна
Следна статијаТурунџиева оди чекор понапред – се бори Атиџе да добие пензија