Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен нејзин висок функционер, Илија Димовски, на својот профил на социјалните мрежи со предлози како Владата да го унапреди функционирањето на граѓаните:
„Скапо е лечењето, а Владата штеди на лекови и тестови… Свесен сум дека имаме неспособна Влада, но граѓаните стр адаат…
Македонската јавност бурно реагираше на информациите дека Република Македонија е една од ретките земји која нема да добие финансиска помош од ЕУ.
Официјалниот владин став е трагикомичен, државата ефикасно се справила со кризата и не потрошиле доволно пари за справување со корона вирусот за да добијат финансиска помош од ЕУ.
Ако Владата толку добро се справува со корона вирусот и не троши многу финансиски средства ајде да видиме за што се можат да одвојат финансиски средства, а да помогне на граѓаните.
Зошто Владата не обезбеди бесплатни PCR тестови преку интегрирање на приватните капацитети? (Владата да овозможи преку системот Мој термин да има тестирање и во приватните лаборатории. Владата преку ФЗОМ може да им надомести на лабораториите).
Зошто Владата не изврши набавка на брзи ковид тестови? (Тестовите да бидат достапни во сите аптеки низ државата, а ФЗОМ да ги кофинансира).
Зошто Владата не обезбеди тестови за антитела? (Фрапантен е податокот дека над 30% од случајни минувачи имаат антитела. Државата мора да има попрецизен податок за бројот на лица кои биле во контакт со вирусот. Овој податок ќе биде од исклучително значење за епидемиолозите).
Зошто Владата не обезбеди витаминската (и друга потребна) терапија која би им се давала на сите активни заболени случаи, која би била бесплатна? (C витамин, B комплекс, Мултивитамин, Магнезиум, Цинк, Селен, Витамин D, како и Ивермектин и Сумамед и ред други апчиња чинат илјадници денари).
Зошто Владата не го намали ДДВ-то за маските на 0%. Нормално приоритет број 1 треба да биде да се набават вакцини, но после се што слушнавме во изминатиот период прашање е дали Владата на Република Македонија има некаков потпишан договор со некој производител на вакцини.
Вакцините што ќе стигнат (ако некогаш стигнат) во Македонија нема да бидат доволни за да го запрат ширењето на вирусот, па така горенаведените предлози ќе може да се имплементираат и во месеците што претстојат.
Ама кај нас помош не добиваат болните и загрозените, а ја добиваат други…