Лидерот на „Македонски концепт“, Петар Богојески е особено активен околу прашањето со Бугарија. Тој речиси секојдневно ги коментира доносите и спорот кој го имаме со нашиот источен сосед и дава свои предлози како истиот да се надмине. Во денешен статус на својот профил на социјалните мрежи, тој пишува:
„Колку подолго ќе остане отворено косовското прашање, толку е подобро за Македонија!
Ако тоа за нас е само купување на време, а не конкретна акција за зацврстување на македонската државност, тогаш ништо не сме направиле! Сме го пропуштиле последниот воз!
За година до две, косовското прашање ќе се реши, со што ќе се отвори ново албанско прашање во Македонија! Тоа ќе добие поткрепа од Бугарија, кои како докажани тапанари и аналфабети за геостратегија, повторно ќе застанат против Македонија! Што треба да се направи?
Во следниве месеци треба да го затвориме бугарското прашање, без никакво одлагање! Ако продолжите по умот на Заев, Димитров, Мицкоски и Бучковски, со нивниот антиЕУ – југо стил, дека треба да чекаме избори во БГ, па басни приказни, тогаш планирајте дека Македонија нема да ја има!
Во Бугарија има една силна тешко психопатско клептоманско болшевичка дружина, која сонува нова поделба на Македонија и токму затоа е нивната силна подкрепа на бугарското вето!
Промена на Уставот на Македонија, со кој се напушта југо концептот на народи и народности, а Македонија станува држава на сите граѓани!
Така, во рамки на современат македонска нација, покрај етничките Македонци (тука се и Македонците муслимани), влегуваат и македонските Албанци, мак Турци, мак Роми, мак Бугари, мак Срби, мак Бошњаци, мак Власи, мак … сите до еден кои живееме во Македонија!
Забрзан влез во ЕУ! Патот поминува преку Солун, а не преку Софија! Од памтивек било така, така и ќе остане! Солун е центарот на Македонија!
Вклучување на Грција во решавање на “македонското прашање” на Балкан, вклучително и албанските интереси, Црквата и бугарското тапанарско прашање!
Ако сакате да и се радуваме на Македонија, да ја оставиме во аманет на нашите внуци и правнуци, слушајте што ви се зборува!
Може да продолжите со суети, партиски филмчиња, мизерни клиентелистички интереси, плукање предавници платеници… ама од таквото Ваше однесување ќе ја нема Македонија!
Вие може да си продолжите да се божидарите / бугарашите, може да си продолжите да се србијашите… да страдате од филства и манства, ама таму не е Македонија!
За да ја има Македонија вечна, таа треба да се изгради врз база на доктрината Македонија на Македонците, каде Македонци сме сите ние кои живееме во Македонија… врз база на македонска Кауза, врз база на МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ за нашата иднина!
Ако сега ја снема Македонија, никогаш во иднина нема да ја има! Јас да Ви кажам, а Вие продолжете по старо ако Ви чини!“