Ѓорѓи Спасов: За жал, Левица е во право

0

Деновиве, актуелна тема во јавноста и меѓу аналитичарите е дебатата за тоа дали треба, или не треба во личните карти да стои запишана етничката припадност. На оваа тема, проговори и поранешниот висок функционер и министер во владите на СДСМ, Ѓорѓи Спасов:

„Етничката определба во личните карти е глупост. За жал “Левица”за прв пат е во прво. Нема потреба да се дозволува во личната карта “кај сака” да му биде запишувана и неговата етничка припадност или потекло.

Тоа не само што е непотребен чин на етничка самоидентификација туку е и чин на етничко самообележување.(како со жолта лента на ракавите).

За што всушност ја користиме личната карта? За во банка, пред полиција и на гласање. На никого од тие пред кои сме должни да им ја покажеме не им е, и не треба да им биде важна, етничката припадност на граѓанинот.

Во земја со многу етнички мешани бракови тоа ќе биде еден вид изнудување. А кога се знае опасноста од се уште неисчезнатите предрасуди и примери на дискриминација во општеството тоа ќе биде можност и инструмент на националистите и на власта за јавна проверка на тоа дали некој се декларирал како Ром како Евреин како Бугарин или воопшто не “избрал етничка припадност во својата лична карта”.

Оттука оваа идеја, иницијатива, овој предлог и закон не треба да бидат прифатени бидејќи не водат кон зголемување на ничии права ниту кон зголемување на еднаквоста и рамноправноста.

Напротив. Мислам да ова многу перфиден обид да се минира решението договорено со преспанскиот договор со Грција според кое во пасошите пишува националност:

Македонска (Macedonian)/Граѓанин на Република Северна Македонија. Ако помине оваа идеја во законот за лични карти треба да бидеме сигурни дека многу бргу ќе биде побарано етничката припадност да стои и во пасошите кај сите оние што не се баш среќни што и државјанството им е запишано како Македонско односно што во графата Nationality пишува Macedonian иако е јасно дека тоа се однесува на државјанство и се преведува како македонско.

Можеби предлагачот Беса со ова сака пред локалните избори да добие уште некој националистички поен, но без сериозно разбирање на можните последици лесно водата ќе се налева кон воденицата на за сега маргиналната Левица.

Образложениета од видот “ова не ги засега правата на другите” а ги прави Албанците позадоволни граѓани во овој случај не држат вода.

Оттука. Добро е Законот да се повлече иако штетата е веќе направена. А ако станува збор и за уцена во однос на опстојувањето на владата и тој ризик треба разумно да се пресмета и поднесе.

Ако се изборивме државноста да ја нарекуваме Македонска тогаш не смета и сите национални институции кои и припаѓаат на државата да се означуваат како македонски бидејќи со тој збор не го означуваме само етничкото туку и државното, националното кое ги чува народот составен од повеќе етнички заедници обединет и интегриран во современа политичка нација.

Претходна статијаОткако падна на мразот, Ранко Бубамара порачува: Кој ќе преживее, ќе раскажува
Следна статијаСе откажал од Лондон за да живее во Маврово и сега има одличен бизнис на Бистра: Македонецот Влатко Томовски е пример за вреден и упорен човек