Билјана Ванковска јавно му се извини на Фрчкоски

0

Професорката Билјана Ванковска пред неколку недели на социјалните мрежи објави дека има сознанија, дека професорот Љубомир Фрчкоски „паднал“ на одбрана на неговата докторска дисертација.

Фото: Јутјуб принтскрин

Подоцна, ваквата информација беше искористена и проширена по социјалните мрежи и медиуми од многумина, со недолични коментари кон професорот Љубомир Фрчкоски.

Фото: Јутјуб принтскрин

Вчера Ванковска, исто така на својот профил на социјалните мрежи, објави дека добила писмено барање од професорот Фрчкоски јавно да му се извини, бидејќи не ја говорела вистината. Таа тоа и го стори:

Фото: Јутјуб принтскрин

„ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ ЗА НЕВИСТИНИТА СОДРЖИНА УПАТЕНО ДО ЉУБОМИР ДАНАИЛОВ ФРЧКОСКИ

Фото: Јутјуб принтскрин

Денес по писмен пат добив Барање од Љубомир Данаилов Фрчкоски за јавно извинување и повлекување на објавен Фејсбук пост. Според него, во постот од 7 јануари 2021 година сум изнела невистинита содржина со која му се повредуваат угледот, честа и достоинството.

Фото: Јутјуб принтскрин

Посочениот ФБ пост е сосема избришан, а со овој нов ФБ пост јавно му се извинувам на Данаилов Фрчкоски за делот во кој сум напишала дека паднал на одбраната на својот докторат во 1989 година во Љубљана.

Фото: Јутјуб принтскрин

Имено, во академската пракса, „паѓање“ на одбрана на докторат би значело крај на постапката за стекнување докторска титула. Во конкретниот случај, станува збор за одложување и повторување на јавната одбрана на докторатот.

Фото: Јутјуб принтскрин

Дека професорот Фрчовски бил вратен и подоцна ја повторил одбраната, по што и докторирал, разбрав од членот на неговата Комисија за оценка и одбрана на докторската дисертација (сега пензиониран) професор по политичка филозофија од Загреб, поради што имав основа да верувам дека ја зборува вистина, односно дека ги знае фактите како учесник во настанот.

Фото: Јутјуб принтскрин

Ова ми беше кажано пред повеќе од 15 години, во лични разговори, но и во разговори во присуство на трети лица, колеги професори од регионот.

Фото: Јутјуб принтскрин

Се извинувам за непријатностите кои Данаилов Фрчкоски ги имал поради нешто што сум го пренела на непрецизен начин, а кое можеби и не е вистина, доколку мојот извор пренесувал искривена верзија на настаните. Му посакувам успешно вршење на амбасадорската функција во Вашингтон. Проф. д-р Билјана Ванковска.“

 

Претходна статијаПо мерките кои ги воведе Германија, сега Австрија е приморана да реагира на границата со Италија
Следна статијаВане Маркоски ги спакува куферите: Ќе се патува, време е