Андреј Ковачев со поддршка за Љубчо: Пред да го распнете, слушнете ја мудроста на Георгиевски

0

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, денес на својот профил на социјалните мрежи го поздрави предлогот на поранешниот премиер на Македонија, Љубчо Георгиевски, кој вчера со својот статус на социјалните мрежи, дигна огромна прашина во нашата држава.

Георгиевски како предлог за надминување на македонско-бугарскиот спор, меѓудругото напиша:

-Северна Македонија да даде гаранција дека нема никакава аспирација за Источна Македонија. И во поимот Северна Македонија не влегува Источна Македонија. Погледнато од Скопје, Пиринска Македонија секогаш била Источна.

Фото: Јутјуб принтскрин

-Северна Македонија да даде гаранција (најверојатно тоа ке биде шести пат, три пати во контекст на Грција и трет пат специјално за Бугарија) дека како држава со ништо нема да ги помага и подржува организациите кои бараат македонско малцинство во соседна Бугарија.

Фото: Јутјуб принтскрин

-Бугарскиот парламент да донесе декларација во која ке изјави дека под поимот македонска нација и македонски јазик подразбира само нација и јазик кои се формирани после 1944.

Зедничката историска комисија да ја измени малку стратегијата:

Фото: Јутјуб принтскрин

-Да се објават сите пет веке потврдени личности плус Делчев како општ, заеднички без многу детали. И плус Глигор Прличев за кого прво се согласиле па бугарската страна се повлекла.

-Да се утврдат уште десет или петнаесет настани кои се општи без многу големи тектови и објаснение и да почната да слават заедно. Може и сто и петнаесет ама тогаш политичарите само од прослава на прослава треба да одат.

Фото: Јутјуб принтскрин

-Бугарската страна под итно да направи список на места од македонските учебници кои се навредливи за нив и тие да се се избришат без да се чека општата дискусија.

-Да се направи нова специјална комисија која ке работи под најбрза постапка за прогонот и ув ист-вата на Македонци со бугарска национална свест. Според бугрски извори 30.000 ув -иени и 120.000 мал тр-ет ирани. Лично сметам дека тука некој лошо ја подводи бугарска јавност. Но и 1200 да се демократија треба да објави на виделина.

Фото: Јутјуб принтскрин

-Македонската страна да се задолжи Во сите историски книги незвисно од државен или приватен издавач точна да га дава преводот посебно каде писателите пишувале македоци или бугари. Секој фал си-фи кат да биде финансиски санкц ионран.

-Македонската историографија да ги корегира и да ги даде вистинските имиња на институциите, на пример Народна Федеративна Партија???

Фото: Јутјуб принтскрин

– Македонската историографија да ги потполни важните биографски моменти на важнили личности. На пример фактот дека Гоце, Даме, Ѓорче и стотици други биле учители на бугарската егзархија не е мала работа која ја криеме.

Фото: Јутјуб принтскрин

-И конечно имам и предлог со кој може да го затвориме и проблемот со јазикот. Македонската страна да признае дека целата македонска преродаба се обидувала да создаде заеднички јазик со Бугарскиот но врз база на македонските дијалекти но бугарската интелегенција поради кратковидост кодифицирале јазик само врз база на северозападните дијалекти со што го отвориле патот на македонскиот јазичен сепаратизам а на Српските лингвисти основа дека и шопските говори во Бугарија се српски јазик.

Еве што напиша Андреј Ковачев?

Фото: Јутјуб принтскрин

„Честитки за храброста на Љубчо Георгиевски. Тој веќе е бр утално нападнат и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ, што за жал покажува колку е от ровно политичкото опкружување околу Вардар, напиша на Фејсбук бугарскиот европратеник и вицепремиер на Европската народна партија, Андреј Ковачев, по повод вчерашниот предлог на Георгиевски.

Фото: Јутјуб принтскрин

– Некои елементи од предлогот на господинот Георгиевски да се излезе од ситуацијата во која се најде Владата на РМ, откако тврдоглаво одби да го спроведе Договорот за пријателство и добрососедство повеќе од три години, не се нови.

Фото: Јутјуб принтскрин

Признавањето и на современата реалност и на историските факти мора да одат рака под рака, како што е запишано во договорот. Многу од неговите идеи покажуваат вистинско разбирање за реалниот проблем меѓу нашите земји и претставуваат сериозна основа за изнаоѓање политичко решение – вели Ковачев.

Фото: Јутјуб принтскрин

Тој додава дека Бугарија ги препознава новите реалности – создавање на современ македонски јазик и модерна македонска нација по 1944 година.

– Македонија мора формално да се одрекне од сите територијални претензии кон Пиринска Македонија, како и од какви било барања за македонско малцинство во Бугарија.

Фото: Јутјуб принтскрин

Да, историчарите мора брзо да најдат јасно решение за општата историја, засновано врз оригинални документи од соодветната ера, за да потврдат како се дефинирале Гоце Делчев, Даме Груев и другите фигури на БМРОК / ТМОРО / ВМОРО / ВМРО.

Фото: Јутјуб принтскрин

Сите тие се декларираа како етнички Бугари, и служеа на бугарската држава, на бугарската војска, на Бугарската егзархија, предаваа во бугарски училишта, пишуваа, зборуваа и го нарекуваа нивниот јазик бугарски, и сега тие се заеднички предци на двата модерни народи, без разлика дали го дале животот за слободата на Македонија и Одринска Тракија – вели Ковачев.

Фото: Јутјуб принтскрин

Бугарскиот европратеник додава: „Да, зло сторс-твата на комунистичкиот режим на Тито против македонските Бугари, без оглед на бројот на жр тви, мора да бидат разјаснети и признаени – вели тој.

Ковачев му заблагодари на Георгиевски за предлозите.

Фото: Јутјуб принтскрин

– Овие предлози се навистина добар почеток. Се надевам дека властите во Македонија ќе ја слушаат неговата мудрост пред да заминат да го распнат на крст – рече европратеникот и потпретседател на Европската народна партија Андреј Ковачев.

Претходна статијаТаа ме држи жива што и да се случи: Миа емотивно за Тијана
Следна статијаГоце Арнаудов направил една голема работа за Пепи Бафтировски, пејачите имаа иста судбина