Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од Скопје 171, Куманово 15, Штип 10, Прилеп 15, Тетово 2, Велес 6, Битола 2, Кавадарци 4, Гостивар 2, Гевгелија 2, Пробиштип 3, Пехчево 3, Берово 5, Виница 1, Свети Николе 8, Кичево 1, Неготино 1.
Досега во земјата се направени вкупно 158.003 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15127, бројката на оздравени пациенти е 12486, на поч инати е 623, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2018.
Во последните 24 часа се направени 484 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 во Скопје 9, Дебар 1, Прилеп 5, Тетово 3, Гостивар 1, Гевгелија 12 (странски државјани), Струмица 1, Радовиш 1, Кочани 1, Пробиштип 1, Делчево 1, Кратово 1.
Поч инати се 6 пациенти, од Скопје (73г), Струга (79г), Гостивар (55г), Крива Паланка (63г), Делчево (86г) и од Кичево (74г).
Околу вработените во јавните претпријатија и државната администрација, но и приватните фирми кои беа ослободени од работа поради одредено хронично заболување, Филипче информира за најновата одлука на комисијата за заразни болести:
„Комисијата за заразни болести донесе предлог одлука хронично болните лица да се вратат на работа, освен за оние лица кои имаат извештај од специјалист за влошување на болеста.
За работничките кои се на продолжено породилно отсуство, отсуството ќе им трае до 31.12.2020 година.
Продолжува и ослободувањето на бремените жени од работа. За родителите со деца до 10 години, ќе се одлучува на следниот состанок на Комисијата. Предлог одлуката ќе биде доставена до Владата.“