Јорданка Ивановска Јоци: „ДО 1 СЕПТЕМВРИ НА ОДМОР – И ЈАС СУМ ДУША
Парламент е конституиран, се чека сега на Владата, која сум сигурна дека ќе ја формира СДСМ. До кога ќе трае? Не знам, зависи од СДСМ дали ќе засука ракави и ќе го исполни ветеното.
Веќе кажав, ако не го исполнат она кое го ветуваат 4 години, одат на бан од народот на следни локални избори, во минус многу повеќе од 100.000, што е многу лошо, а потоа ќе мора да одат на предвремени парламентарни.
Јас ќе одморам до крај на месецов, а секако и јавноста нека одмори од мене. Овој период е ,,мртов” и едноставно нема што да се коментира освен тротинети, точаци и други детски глупости.
Јас не сум четири години новинар, како што постојано ми наметнуваат, одамна се откажав и 50 пати јавно кажав. Долго време сум единствено коментатор на дневни настани и други политички нешта, па не ја гледам целта да се бавиме сите со играчки како тротинети и ,,мицеви плачки”.
Јас само ги ,,преџвакувам” новинарите веќе 4 години и ви упростувам. Секако дека најмногу ќе им фалам на сите оние кои секојдневно ме следат, затоа што се платени за да креираат и ,,продаваат” лаги за мене и така некако да носат леб дома.
Веќе еднаш кажав, да повторам. Нема аир од такви пари кога валкате чиста душа со лаги. Јас имав лична цел и ја исполнив. Би рекла, дури и се тркав на моменти со сама себе на 100 метри пречки. Затоа и често го постирав Вангелис, имено.
Секогаш мора да сум длабоко мотивирана за да успеам во сопствените цели. Не сум плитка личност. Морам да гњурам во сопствените страсти. Низ нос ќе ви излезат такви пари. Кармички.
Јас ништо не треба да правам, ќе си ги дадете за лекови. Драги, пријатели – се читаме пак, здравје, во септември. И сајтот пак ќе биде спремен, а можеби и Фроска пак ќе биде расположена за колумни – ,,Раскажувачката”. Ќе видиме, уште се мисли.“