Јоци: На Мице му се „сукаат“ за смена – Оф, Оф Емина

0

По последните изборни резултати, интересно ќе биде каков ќе биде процесот за формирање влада, но исто така е турбулентно и во опозицискиот кампус.

И додека раководството на ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот Извршен комитет се на ставот дека тие победиле во најголем број општини и доколку се одземат пратениците на БЕСА од коелицијата со СДСМ, тие се реални победници, некои поранешни функционери од оваа партија не мислат така.

Прво минатата недела се огласи поранешниот потпретседател на партијата и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, кој за бугарската агенција „БГНЕС“, рече дека ова се трети избори по ред на кои неговата партија бележи пораз, а загубен е и референдумот.

„Јас воопшто не разбирам зошто не го признаваат Договорот за пријателство со Бугарија, како и Договорот од Преспа. Сè на сè, ова е лоша политика и лошо раководство на ВМРО-ДПМНЕ“, додаде Јанчев.

Според него, политичката состојба е „многу очајна, како за ВМРО-ДПМНЕ, така и за победниците, за СДСМ, затоа што и двете партии добиле малку гласови“.

„Каква и да е победата, СДСМ ги освои гласовите. Нашата партија падна од 470.000 на 320-340.000. Дури и околу 300 000. Оваа бројка само по себе докажува дека нешто не е во ред. Денес на ВМРО-ДПМНЕ му треба единство, кохезија, за секој да може да работи како што треба и слободно“, подвлече Митко Јанчев.

На прашањето дали ќе се приклучи на промената на ВМРО-ДПМНЕ, Јанчев категорично одговори: „Да, ќе се придружам!“

Денес со свој статус на социјалните мрежи и изјава за некои портали се огласи и поранешниот министер за надворешни работи, Никола Попоски:

„Неколку изборни циклуси не победуваме. За партија во која најголем дел се навикнати да победуваат, не е едноставно. Најмногу нѐ критикуваат дека слабо учиме од искуства.

Почнаа да нѐ прашуваат дали воопшто сакаме да победуваме. Особено со оглед на бројните констатирани слабости кај противниците. Конечно, сите не прашуваат дали имаме стратегија“

Новинарот близок до опозициската партија Љупчо Златев, смета дека ова е обид на Сашо Мијалков, преку Никола Попоски да ја превземе партијата.

Од друга страна пак, Јорданка Ивановска Јоци, која е блиска до СДСМ и жесток противник на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, изразува задоволство од ваквите случувања:

На Мице му се сукаат за смена. Прво се јави Јанчев, па ,,осумтемина”, сега Попоски…. Оф, оф Емина.

Цитат: ,Неколку изборни циклуси не победуваме. За партија во која најголем дел се навикнати да победуваат, не е едноставно. Најмногу нѐ критикуваат дека слабо учиме од искуства.

Почнаа да нѐ прашуваат дали воопшто сакаме да победуваме. Особено со оглед на бројните констатирани слабости кај противниците. Конечно, сите не прашуваат дали имаме стратегија. Накратко, ова би бил еден мал придонес.”

Претходна статијаДоколку СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не успеат да направат влада, мандатот ќе го добие ДУИ
Следна статијаТаравари му одговори на Бујар: Си кажал за 5 столба, но си го заборавил шестиот