Доколку СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не успеат да направат влада, мандатот ќе го добие ДУИ

0

Во јавноста сè погласни се шпекулациите сека е можно ДУИ да ја оствари намерата за Премиер Албанец, но на еден друг начин, не како уцена кон партијата која победи на овие избори, или второпласираната ВМРО-ДПМНЕ.

Денес, вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи, во изјава за грчки „Етнос“ вели дека ДУИ е таа партија која ќе го бара мандатот за да состави Влада, иако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со своите коалиции освоија далеку повеќе пратенички места на предвремените парламентарни избори во средата.

“Во секој случај, резултатот од изборите покажува дека ние ќе утврдиме кој ќе влезе во нашата влада, а не некој друг. Затоа, проценувам дека ДУИ ќе добие мандат да формира влада и ние ќе одлучиме која партија на Северна Македонија ќе учествува во нашата владина коалиција “, рече Османи за „Етнос“ во денешното електронско издание.

ДУИ на предвремените парламентарни избори освои 15 мандати, АА на Села 12, СДСМ со БЕСА 46, ВМРО-ДПМНЕ и нејзината коалиција 44, Левица 2 и ДПА 1 пратенички мандат.

Ден после изборите, лидерот на ВМРО-ДПМНе, Христијан Мицкоски, изјави дека тие ќе се обидат да формираат влада, но под било какви уцени, како одговор на прашањето дали би прифатиле да состават влада со албанец Премиер.

Во неколку наврати и од СДСМ истакнаа дека нивен кандидат за Премиер е Зоран Заев и тие не би прифатиле никакви условувања во насока на правење коалиција со ДУИ, со нивен кандидат за Премиер.

Но сега меѓу аналитичарите, но и обиочните коментатори на социјалните мрежи, се појави нова теза, која не изгледа воопшто неостварлива.

Тоа е, најпрво победничката СДСМ да го добие мандатот за состав на нова влада и да не успее, по претходен договор на албанските партии да не коалицираат, без прифаќање на условот за Албанец Премиер.

Втората варијанта е ВМРО-ДПМНЕ да го добие мандатот и да се случи истото сценарио како со СДСМ. На крајот, Претседателот Пендаровски ќе треба да го даде мандатот на третопласираната партија, а тоа е ДУИ.

Во овој случај и СДСМ, но и ВМРО-ДПМНЕ, би можеле да прифатат учество во влада со Премиер Албанец и притоа би имале оправдание пред своето членство, поддржувачи и македонскиот електорат, дека не ја формираат тие владата, туку ДУИ, а тие само ја поддржуваат за да нема владина криза.

Изјавата на Бујар Османи погоре, оди токму во прилог на ваквите размислувања.

Во секој случај, не чека долго лето пред формирањето на владата, бидејќи, доколку се оди по ова сценарио, три партии да добијат мандат за состав на влада и роковите кои ќе треба да се исполнат, тоа би значело да немаме влада можеби и до средината на септември месец оваа година.

П.П.

Претходна статијаКој ќе ја состави новата влада – дали Заев ќе продолжи со Ахмети или Села влегува во игра?
Следна статијаЈоци: На Мице му се „сукаат“ за смена – Оф, Оф Емина