Каракамишева му одговори на Зијадин во врска со јазикот: Села, нема врска ова што го зборуваш

0

Коментирајќи ја изјавата на Пендаровски во врска со бугарското условување во рамките на идните преговори за членство на земјата во ЕУ, претседателот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села вели дека емоционалниот одговор на претседателот Пендаровски е разбирлив од гледна точка на политичар, но дека тој е многу неодговорен во однос на интересот на државата и неискрен кон граѓаните на Северна Македонија.

Според Села, „Пендаровски е збунет од бугарскиот став и заборава дека е шеф на една држава што го негира истото основно право на една третина од својата популација на уште побрутален начин, со анахрони и антиевропски устав што го сведува албанскиот јазик на јазик што го зборуваат најмалку 20% од населението и кој е различен од македонскиот“.

Обраќајќи им се на Бугарија и на ЕУ, Села потсетува дека барањето на Бугарија да се однесува само на „официјалниот јазик на Република Северна Македонија“ е неинформирано затоа што го игнорира фактот дека Северна Македонија има два службени јазика: македонскиот и албанскиот јазик, и внатре и надвор од земјата. Врз основа на уставната реалност на земјата, Села додава дека сега е време ова да биде официјално признаено од ЕУ и нејзините земји-членки.

Села во колумната повикува на ангажман на сите политичари со отворен ум, Македонци и Албанци, да се промени овој, како што го нарекува, ретрограден Устав, и да се најде заеднички јазик со бугарските соседи во рамките на заедничките комисии за спроведување на договорот за пријателство меѓу двете земји, што треба да биде стимул за членството на Северна Македонија во ЕУ, а не обратно.

На ова тврдење на Зијадин Села, денес преку статус на социјалните мрежи, му идговори Тања Каракамишева:

,,Споредбава ти нема никаква врска, Села, најблаго кажано. И сам знаеш дека албанскиот јазик во Македонија НИКОЈ не го негира, никој не го омаловажува, тој е уставно загарантиран и заштитен.

Камо среќа македонскиот јазик да беше со таква заштита и таков опсег на примена во Бугарија, во Грција, во Албанија како албанскиот јазик во Македонија.

Албанскиот јазик се применува, се учи на сите образовни нивоа. Албанците треба да се спротивстават на ова негирање на македонскиот јазик од страна на Бугарија, а не да долеваат масло во оган! Па нели сме сограѓани, а?”

Претходна статијаДенес повторно повеќе оздравени од нови случаи со Корона во Македонија
Следна статијаИлија Димовски разјаснува дали постои начин да се заобиколат барањата на Бугарија и Грција на патот кон ЕУ