Статус на Јоранака Ивановска Јоци:
Дури и вмровските верни поддржувачи (Преку сајт на Миленко) го прашуваат Христијан Мицкоски – кој го тргнал ,,кутлеш” од вмровските партиски книшки? Му бараат одговор под наслов -,,И` еб авт е мама на партијата”.
А, Мице ништо не им кажува, си пишува некои статусчиња по фејсбуци за нечиста совест? Па убацил ,,гребење..корнење”. Туф, туф. Ептен потресително. А, ќути и оној нивнион во Будимпешта, кој никој од членство не го прашува со кои пари живее таму на висока нога.
И овие му кликаат лајкови на тие негови мицегрујовихристијановски патетики.
Прво си го тргнаа самите од книшките, а потоа го бараат назад по статуси и леат крокодилски солзи зошто СДСМ го трга од плочници.
Па, дечки ,,кутлешот” не е обележје на СДСМ⁉️ СДСМ со негови гласачи и поддржувачи, не се ни момински споменарник за да ви чуваат ваши ,,сонценца” од кои самите сте се откажале како партиски симбол на книшки.
Кутлеш никогаш не бил дел од дневните соби на сдсмовци, камоли декор на тераси.
А, бе, вмројно, идентитетски уште се барате? Дај одлучете се – преку лав ќе се идентификувате, преку кутлеш или некој хрчак како што пишува вашиот М.Н. во текстов. Дај кажете кој го тргна ,,кутлеш” од книшките? Мице, студио?
А претходно во свој друг статус Јоци напиша:
Вмројни никако да сфатат дека ние тргнавме напред, а ,,кутлешите”, кои ги нема во ,,Преспански договор”, може да си ги веат дома – под туш. Тоа во нивните главчиња ќе си го сфатат по избори. Нивните мозочиња уште се во средновековна сценографија, се замислуваат комити нешо таму, додека нивни функционери и тоа како ги чекаат пресуди за куп криминали. Па, вака некако се ,,шлепаат”, ги користат тие луѓе, за да се доберат до евентуална слободичка.
И, не…уште на овие не им е јасно дека се заблудени.
Меѓународна заедница не сака и не ја интересираат вакви национал – романтичарски кореографии, солзички, па ред песнички по две ракии – ,,ЦелаДаЈе”….они не контаат вакви луѓе, заглавени во сопствената иронија. Они ви го симнаа и оној ваш лузер, Груевски, кој го седнаа и како попче го потпиша ,,Пржински” за да си го спаси газенцето од сите криминали.
Но, вам памет не ви доаѓа. Ова ви беше последна шанса за реформи и ја испуштивте.
Ова нивново со ,,кутлешите” е толку патетично во 2020, сосе она нивноно со три прста после скара, мрсно и алкохол, пошто немаат храброст на трезно, се` ова за собирање гласче повеќе на избори, да се прашувам – каде живеат овие луѓе, во кој мазохистички филм се, сосе нивнион Мице⁉️
Во мојот свет, веќе 40 години, ја не сум видела некој да вее ,,кутлеши” во моја близина. Ја сериозно не ги сфаќам и не знам каде живеат овие луѓе.
Дечки, на Љубчо не му пројде прикаскава во 90-те, мораше да ја ,,едитира” во 1998 со нови книшки без кутлешите ви, и со ,,не, не…се исчистивме ние од бугараши”, да вашево ич – не проаѓа во 2020.
Не знам како човек да ви објасни дека сте 300.000 со ,,три од карти”. И толку. И ќе си го ,,пу шите” – четврт изборен циклус.