Јоци до Заев: Престанете да барате оставки и да глумите финоќа – почнете да разрешувате

0

Зоран Заев денес на својот профил на социјалните мрежи постави неколку прашања до министерот за внатрешни работи Наќе Чулев и побара негова оставка:

,,Дали Наќе Чулев се консултираше со Мицкоски пред да одлучи да го загрозува здравјето на граѓаните? Дали Мицкоски го натера Чулев да организира настан среде пандемија без мерки на заштита? Дали Мицкоски му кажа на Чулев да не постапува при масовен собир во Струга? Дали Мицкоски му одобри на Чулев напад врз новинар? Дали Мицкоски му одобри на Чулев фрлањe чадна бо мба во публика?

Тоа што структури на полицијата предводени од Чулев не реагираа и дозволија да се случaт овие инциденти покрева највисок степен на одговорност кај него и мора да заврши со итна негова оставка.

Со ваквите постапки, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ повторно нѐ потсетуваат дека кај нив нема грам срам ниту одговорност. Мицкоски, Чулев и ВМРО-ДПМНЕ преземаат опасни чекори во здравствената криза. Тие повторно тргнуваат од нивната вечна партиска позиција: колку е полошо за граѓаните, толку е подобро за опозицијата!

Нема ниту еден разумен и добронамерен човек кој би можел ова да го оправда. Затоа, на вакво скандалозно однесување и при вакви катастрофални постапки против граѓаните, има само еден логичен чекор којшто Чулев треба итно да го преземе – Оставка!”

На ова му одговри новинарката Јорданка Ивановска Јоци:

,,Се јавил Заев, бара оставка од Чулев. Ја имам подобар предлог, СДСМ, повеќе да не бара оставки од вмровци, да престане со својата финоќа и да почне да ги разрешува оние кои смета дека прекршиле куп процедури и владини уредби.

Не може граѓани да бидат пикани по комбиња, да бидат казнувани за маски, за шетање куче, за играње карти во двор, а некој да си прави што сака во името на религија, сето тоа во мандат на Чулев, кој се оградува и не постапува.

Цела Македонија е во карантин 3 месеци, а кога бројот на заболени се намалува, а земјата се подготвува за меки мерки и за избори – се случува верски собир под закрила на Чулев⁉️

Притоа негови луѓе се закануваат на новинари, негови советници не се казнети за кршење на полициски час, му паѓаат хеликоптери, ја држи полицијата со денови како статист во спотови, си снима спотови со крстови и праќа опасни пораки на други религии во Македонија….

Македонија не може да си дозволи вакви министри на клучни позиции од ВМРО-ДПМНЕ во време на пандемија. Скапо ќе не` чини ако продолжи ВМРО-ДПМНЕ да биде дел од техничка, со ова нивно темпо на погрешни активности, кои, водат кон хаос.
Вака повеќе не оди. НАДВОР ОД ВЛАДА!”

Претходна статија(ВИДЕО) Денес се правеше свадба во Велес иако периoдов има најмногу нови случаи со Корона во овој град
Следна статијаСпенџарска ги откри своите сништа – поврзани се со Филипче (ФОТО)