Венко Филипче го објави долго очекуваното олабавување – од овој викенд карантинот ќе почнува од 19 часот

0

Епидемиската крива бележи пад од 15 април. Според исходот од заболувањето, 25.6% се активни случаи, 68.7% се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашно лекување.

Од 15 февруари до 5 мај, тестирани се вкупно 17.863 материјали во лабораториите во кои се спроведуа молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.

Согласно статистичката анализа на Институтот за јавно здравје, направена заклучно со 5 мај на 15.39 потврдени случаи на КОВИД-19, инциденцата на 100.000 жители во земјата изнесува 74.7, напиша Филипче на социјалните мрежи.

Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6. Досега во земјата се направени вкупно 18410 тестирања на ковид-19.

Во ГОБ „8 септември“ поч ина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 април.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1586, бројката на оздравени пациенти е 1099, на починати е 90, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 397.

Министерот Венко Филипче во моментов го одржува редовниот прес на кој тој повторно го изрази своето незадоволство од вчерашните настани во Струга, кога граѓаните не ги почитуваа мерките на Владата за социјална дистанца.

-Утрово разговарав со Реисот на исламската заедница, како и со поглаварот на МПЦ. И на двајцата им посочив дека мерките кои ги предлагаме, мораат да се почитуваат. Недозволиво е она што се случи вчера во Струга, како ни најавата од ИВЗ за отворање на џамиите за верниците.

Министерот за здравство Венко Филипче објави дека комисијата за заразни болести предложила до владата олеснување на мерките. Од овој викенд, полицискиот час ќе трае од 19 часот навечер, до 5 часот сабајле.

-Го чекаме утрешниот ден, за да знаеме дали ќе предложиме од идната недела олеснување на мерките. Податоците и спласнувањето на епидемијата тоа ни го дозволуваат, но сепак ги чекаме податоците од утрешниот ден, за да знаеме како ќе се однесуваме.

Доколку биде вака, како изминатите денови, ќе ги отвараме полека институциите, кај кои лесно може да се воспостави дистанца, како авто школите, кладилниците и сите кои можат да воспостават пред сè шалтерски систем. Секако, размислуваме и за спортистите.

Претходна статијаВанковска: Тоа што на литијата имало Сдсмовци не е никакво чудо
Следна статијаГерманија вакво нешто на памети од 1991 година – Министерот за економија предупреди уште во април