Заев: Апелирам до сите да донираат и да најдат начин да помогнат, државата има увид во нивните сметки

0

Поранешниот премиер на Македонија и актуелен лидер на СДСМ, Зоран Заев вечерва беше гостин на Канал 5 ТВ во емисијата „Само Интервју“.

Осврнувајќи се висината на економската поддршка што Владата ја обезбедува за работниците и за стопанството, особено споредбено со земјите од регионот, претседателот на СДСМ Зоран Заев нагласи дека споредбено Македонија обезбеди соодветна помош соодветно на висината на БДП на земјата, но и на економската состојба на земјата со која ја остави ВМРО-ДПМНЕ.

„Во Словенија и во Бугарија немаше претходно економско цунами коешто помина и ја донесе државата на раст на БДП на минус 1,8 проценти, за ние за две и пол години да стигнеме на раст за 3,6 посто.

Ние сакаме да дадеме повеќе, ако можеме и се да покриеме, но не можеме. Но, правиме се што можеме. Ако работниците ги сочуваат своите работни места и ако и фирмите опстојат, ќе го биде и буџетот”, изјави Заев

Сакам да апелирам до сите, да донират и да најдат начин да помогнат заради тоа што државата има увид во нивните сметки и во нивните компании.

Треба да донираат и да помогнат. Тоа ќе се почитува и ќе се цени затоа што тоа е човечно да се направи, второ тие што се најбогати треба најповеќе на свој плеќи да партиципираат во тој дел.

„Чеканот значи комплетно затворање, целосен полициски час, комплетно затворање дома и тоа го имаат применето многу малку земји, а над 90 отстого имаат одбрано танцот, се договараат владите со стопанството, со работниците, со народните банки, се додека не заврши на здравствената криза.

Тука им Р фактор односно ширење на заразата. Ако тој Р фактор е поголем тогаш треба да се прибегне кон чеканот. Ние засега, споредено со други земји успешно „танцуваме” затоа што кај нас Р факторот е се уште низок, ако се зголеми нагло ќе мора да ги стегнеме мерките.

„Само Интервју” 2.4.2020

„Само Интервју” со Зоран Заев

Публикувахте от Канал 5 Телевизија в Четвъртък, 2 април 2020 г.

Претходна статијаФранцузинот Жан Ротнер за САД: Тие даваат пари во кеш и тоа трипати или четирипати повисока цена од нашата
Следна статијаКумановецот Горан: Ако немате работа, немате пари, не добивате никаква помош и сте ги завршиле своите намирниц, пишете ми приватно, без срам