Статус на универзитетската професорка Билјана Ванковска: ,,Вчерашното утро ми донесе прекрасен зрак светлина во емаил инбоксот: ми стаса неочекувана порака од еден од најбрилијантните и најголемите морални џинови на денешнината, професор по меѓународно право на Принстон, човек на 89 години. Ме изненади, израдува и засрами – наместо јас нему да му пишам, тој почувствувал потреба да ми пише мене.
Ми пишува: Драга Билјана, се прашувам како си ти и како е Македонија во овие опасни времиња. Се надевам дека твојот живот е поштеден од глобалниот предизвик на оваа вирална пандемија.
Доколку и ти имаш инструкции од вознемирените лидери да се „самоизолираш“ и се’ во таа смисла, се надевам дека барем си окружена со љубов и со саканите, и дека уживаш во оние животни задоволства коишто ни се се’ уште достапни. Ова е време кога мораме да ја одржиме духовната мудрост што повеќе, преку грижа за нашето физичко здравје.
Има и многу поголеми лекции што мораме да ги научиме, но воспоставениот поредок и неговите елити порадo ќе не’ ув ијат нас отколку што ќе ги научат, барем кога станува збор за лидери од типот на Трамп. Во секој случај, испраќам топли поздрави до сродна душа како тебе, Ричард.
Се разбира, веднаш му одговорив со сета љубов, почит и топлина што ги имам за овој прекрасен човек, кој – замислете – никогаш не сум го сретнала во живо, но кој е близок и толку потребен пријател, некој подаде рака кога ни беше најпотребен (во 2018). Тоа ме поттикна да им се јавам на сите странски пријатели и колеги и да ги прашам дали се добри.
За среќа, повеќето одговорија дека се добро, а најмногу ме израдува и инспирираше одговорот на Јохан Галтунг (исто, на 89), кој кусо ми напиша:
,,Драга Билјана, ви благодарам за пораката. Се обидуваме да бидеме што подобри во оваа ситуација. Има толку многу работи дома што треба да се завршат…”
Инаку, кога станува збор за она што можеме да го направиме од дома, среќна сум да кажам дека за рекордно време го напишав поглавјето за патот на Македонија кон ЕУ – мојот уредник очекувам да се шокира од тоа како сум го „ишамарала“ европскиот колонијализам, ама онака без ракавици среде пандемија. Оние коишто го прочитаа велат еден од моите најдобри трудови..
Идемо даље! Ако тие можат на 89, можам и јас на 60!