Цветановски: Eх, драги пријатели, да ви се пофалам дека сум успејал во животот – Тито Црничанец ме критикувал

0

Статус на Љупчо Цветановски: ,,Eх, драги пријатели, да ви се пофалам дека сум успејал во животот, макар според мерила некои комуњарски. Простете за сарказмот во полициски час.

Тито Црничанец ме критикувал јавно за колумната „Она, кога ФАБРИКАТА ќе проработи несакајќи, по навика…“ на Курир.мк.

Замислете само, колку сум згрешил клетиот јас што ја критикував возвишената им Славјанка депјути министер во МВР која без срам и перде истресе јавно дека не смее да се возат повеќе од три лица во возило, по што цела Македонија се замисли и во дилема останаа само 2 милиони луѓе?!?!?!?! Ја демантираа и укажаа дека излажала лично МВР, она на Чулев, се разбира…

Јако, грешен сум Тито, маршале… Башка принципот на девалвација, толку комуњарска измишљотина, исто ко фејк вестите, добро му паше на т.н. професор, кој на личниот ФБ профил има слика со Заев во победнички замав, ццццц, Барон Муртинхаузен да ти биде идол, неверојатно…

Фер, и тоа каљањето и плукањето неаргументирано како лажните вести им е навика, арно ама СПИКЕРОТ работи како новинар 21-ва година, бил директор и главен и одговорен на 24 ТВ, заменик одговорен на ТВ Алфа 7 години, уредник во ТВ Сител 5 г., уредник на редакција за надворешна политика во МТВ, аналитичар во „Република“, новинар во Канал 5, колумнист во Денешен.мк и сега главен уредник на, за ваша жал, докажано најчитаниот и влијателен Курир.мк. Најубаво е тоа што од секаде си заминав сам, незадоволен од нешто, била ли политика, услови итн.

СПИКЕРОТ да ти известувал од сите континенти освен Австралија, бил три пати во еден ист месец работно до Њујорк и назад, го ваделе со пушки во Кондово и со пи штоли во Арачиново, летал со Блек хок над Багдад на роденденот на Садам Хусеин и заглавил во шпицот во Кабул, па чистеле простор, а еден час по летот Талибанците го бом барирале аеродромот, залутал и во Либија на два месеци пред да го уб ијат „ти ранот“ Гадафи. А, да, и ја проследил Портокаловата ре волуција среде Украина… Простете за его трипов и гњаважата со работиве…

Прифаќам критика, но во основа треба да биде аргументирана, вака некому не му прилега, ама ич…

Кога би бил виц, во контекст на дејанијата и начинот на кој Јосип Броз го добил прекарот (Ти то ово, ти то оно), кај именоносникот негов генезата ономастичка гарант би била вака:

-Црничанец (оти бело не му прилега, нели) ТИ ТО СЕРИОЗНО? Уште еднаш, простете за излив на сарказам среде полициски час 61-часовен…”

Претходна статијаОва е планот како Европа ќе се ,,отвора” по Корона – ќе се почека за масовни собири
Следна статија(ВИДЕО) Васко Ефтов лупеше кромид во емисија и правеше анализа на ситуацијата во земјата