Каракамишева демантирана од НБРМ во врска со парите – самата си го објави демантот

0

Статус на Тања Каракамишева: ,,Во врска со вчерашната објава поврзана со одлуката на Народната банка на Македонија денес остварив телефонски разговор со претставник од Кабинетот на Гувернерката во кој ми беше објаснета причината зошто е објавена одлуката, објаснување што е подолу наведено.

Најнапред, се заблагодарувам за културниот однос на претставникот на Кабинетот. Во овие времиња тешко се наоѓа култура во комуникацијата.

Но, и покрај се што беше пренесено во таа комуникација останува да лебди прашањето зошто правниците во Народната банка не и сугерирале на Гувернерката да почека да помине вонредната состојба и зошто објавувањето на одлуката го направиле токму во време на вонредна состојба ако се знае дека во вонредна состојба се преземаат активности и работи што се исклучиво поврзани со успешно надминување на вонредната состојба? Затоа и се нарекува вонредна состојба!

Дали менувањето на банкнотите е дел од активноста за санирање на вонредната состојба? Се сомневам! Оттука произлегува и дилемата во јавноста дали оваа мерка нема некаква скриена намера и зошто се презема токму сега?

Дали не можеше да се почека месец-два додека не заврши вонредната состојба и ако се работи за тековна активност зошто не била донесена одлука за стопирање на процесите додека трае вонредната состојба?

Со оглед дека се работи за многу отворени прашања кои лебдат во воздухот и натаму се остава простор за сомнеж во целиот процес, но и во правната исправност на преземените чекори.

Како и да е, времето ќе покаже зошто нешто е преземено токму во услови на вонредна состојба и зошто не е почекано да помине епидемијата за работите да имаат нормален и редовен тек.

Почитувана, по телефонскиот разговор, согласно договореното, во продолжение Ви го испраќам нашиот текст. Во секое време сме достапни за секаква информација којашто е во наша надлежност.

Почитувани, во врска со објавите на Вашиот веб-портал за издавање на серии банкноти во апоени од 10 и 500 денари, Ве известуваме:

Една од законски утврдените задачи на централната банка е издавањето банкноти и монети. При остварување на оваа задача, централната банка води сметка и за природниот животен век на парите.

Издавањето на нови серии банкноти во апоени од 10 и 500 денари во текот на првата половина на оваа година беше планирано уште во текот на 2018 година, врз основа на среднорочните анализи за количини коишто се потребни заради редовна замена на книжните и кованите пари од постојните изданија, коишто се повлекуваат заради губење на карактеристиките за соодветност за оптек, како и заради обезбедување и одржување континуитет на воспоставениот редовен процес на снабдување со готовина. Накусо, станува збор за редовен процес, којшто е планиран поодамна, во согласност со процените во коишто предвид се има природниот животен век на парите кои веќе циркулираат во оптек.

Одлуките за издавање книжни пари во апоени од 10 и од 500 денари, Советот на Народната банка ги донесе на седницата којашто се одржа на 28 февруари 2019 година, а постапките за јавна набавка на банкнотите беа спроведени уште во вториот и третиот квартал на минатата година, имајќи ги предвид комплексноста и времетраењето на процесот на печатење пари.

Притоа, во повеќе наврати, јавноста беше известена дека овие книжни пари, начелно се планира да бидат пуштени во оптек во текот на првата половина на оваа година, имајќи го предвид природниот животен век на парите.

Измените на одлуките за издавањето на парите во апоени од 10 и 500 денари, донесени на седницата на Советот на Народната банка одржана на 30 март се однесуваат исклучиво на измени на техничките димензии на некои од елементите на парите, коишто во процесот на подготовка за печатење е утврдено дека мора да се направат.”

Претходна статијаЈоци до газдите на кафани: Се наполнивте пари, макијато 90 денари продававте, а сега ќе отпуштате
Следна статијаНиту таа не издржа: Лепа Брена среде пеење заплакала и прекинала со снимање (ВИДЕО)