Јорданка Ивановска Јоци во два статуси денес, повторно се ,,поткачи” со газдите на кафаните, кои вчера најавија дека планираат да ги отпуштат вработените, поради актуелните мерки:
,,Еве не знам колку треба да си глуп во 21 век да држиш кафана, а да не си ја адаптирал на онлајн услуга и да не знаеш да го искористиш интернетот кој во Македонија го донесе УНЕТ уште во 1995. Еве – НЕ ЗНАМ!
Но, затоа куп угостители си работат и се рекламираат и си профитираат и во време на корони, пошто паметни. Другите се заглавени во 18 век.
Нешто ко Герич, кој пред десет години ме пишуваше по колумни и ми се смееше – ене таму некоја шушумига Моци си пишува по фејсбуци. Ги убедуваше луѓето дека хартијата и веснициите ќе опстанат кога наголемо пропаѓаа во цел свет. Герич Мицков Грујов ја ,,откри” моќта на интернетот и фб-от пред 3 години.
Така и нашиве кафанџии кои отпуштија работници, пошто не знаат да се адаптираат на новото време. Они чекаат државата – ци цка да им даде, како да сме Југославија. Па и таа Југославија пропадна од вакви глупости. Сите чекаа пари од небо да им паднат. Секако дека ќе бидам на страната на работниците во овој случај.
Томе Корнер и остали угостители кои изиграваат жртви, док човечки е да мислиме на работниците кои ОНИ ги отпуштија, нека не јадат многу бубрези пошто дада Јоци многу пари ви оставила низ градов у сите 50 кафани кои сезонски ги отворате под едно име, па си ги затворавте, па си отворавте нови под други имиња. А, за сето тоа време пијачките и храната губеа у квалитет, а им растеа цените.
И ев ен келнер не знаете да задржите поише од шест месеци пошто многу сте фини. Ако не сте вие, други ќе отворат. Пазарна економија така функционира. И дада Јоци, да не се заборави, ви мерела тераси кои увек биле пола диви. Ете уште еден есап на салфетка.
Јасно, клошараана? Него ништо не ви дужам, не прифаќам пијачки и јадења беспари од кафанџии, се’ си плаќам, затоа ви кажувам какви сте. За вирмани немојте на мене, поише акал и школо имам од вас. Кој не го бива за кафана, нека оди нека сади јагоди.”