ДЕМАНТ: Порталот Галама никогаш не објавил вест за Корона во Виница – некој си играл со фотошоп

0

Почитувани, на социјалните мрежи забележавме фотошоп монтажа, на која на наша вест и е вметнат поинаков наслов.

Сакаме да напоменеме дека на нашиот портал, НИКОГАШ не е објавена вест со наслов:

,,Прв случај на корона вирус во Виница: Позитивен резултат добија од штипската клиника и за поштарот од Виница”

Иако е повеќе од очигледно дека се работи за лоша фотошоп монтажа, дел од корисниците на социјалните мрежи, сепак веруваат дека ние сме објавиле лажна вест, затоа и остро демантираме.

Монтажата е направена на веста за тестови од Авицена, со тоа што врз оригиналниот наслов е вметнат овој за Виница.

Во време на вонредна состојба, тој што го направил ова треба да е свесен дека играње со фотошоп и менување наслови на оригинални вести е казниво.

Повторно ќе повториме, монтажата е многу лоша, но некои читатели тоа не го забележуваат.

Претходна статијаВанковска: Вчераутро ми стигна ваква порака – Драга Билјана, како си и како е Македонија
Следна статијаФилипините со најригорозна мерка против корона: Нема милост за непочитување на „полициски час“