Бројките на заразени со корона рапидно скокнаа: Уште еден македонски град го бара истото што важи и за Куманово

0

Во моментов, ситуацијата со Корона вирусот најсложена е во Соединетите Американски држави, каде се регистрира една четвртина од вкупниот број заразени во светот, или преку 300 илјади.

Во Европа исто така, со таа разлика што, во Италија има тенденција на опаѓање на новозаразени, бидејќи тоа беше една од првите европски земји со случаи на Корона.

За сметка на Италија, сега нови жаришта се Франција, Шпанија, Британија, но и нордиските земји, каде мерките за изолација се нешто поблаги. Во Шведска на пример не се воведе целосен карантин.

Во Македонија пак, по вчерашните преку 50, денес министерот Филипче на својот профил на социјалните мрежи информира за 72 новозаразени и еден поч инат. Тој наназад со денови пресупредиваше дека бројот ќе расте.

Министерот за здравство, Венко Филипче се огласи и ги откри бројките за последните 24 часа од корона вирусот во Македонија.

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица.

Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби со два контролни негативни теста, денес заминуваат 3 пациенти. На клиниката неколку часа по приемот во болница, почина маж од Лабуништа (Струга) на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Новите шест случаи на лица од Кочани заразени од коронавирусот беа повод градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев да свика итна седница на Општинскиот кризен штаб.

– Кризниот штаб побара да упатиме писмено барање до надлежните, во Кочани да се спроведат мерките што важат и за Куманово, од понеделник до петок забраната за движење да трае од 16 ч. до 5 ч. Утре ќе побараме од јавниот сектор во целата општина да го искористи до 31 мај остатокот од годишниот одмор за 2019 и првиот дел од 2020 година, онака како што препорача и Владата.

Упатуваме апел до сите продажни места, маркети, банки, подобро да ги организираат своите услуги, за да се ограничат можностите за контакт и ширење на коронавирусот – соопшти градоначалникот Илијев.

Според информациите на стручните служби, во моментот во Кочани се евидентирани три жаришта на заразени од КОВИД-19, од кои едно е во Зрновци. Од нив, во последните 10 дена имало постојано активни лица. Ризикот за ширење на болеста е голем, бидејќи сите луѓе што контактирале со нив се потенцијални пренесувачи на вирусот. Полициските служби ригорозно постапуваат според решенијата за здравствен надзор и изолација.

Центарот за јавно здравје – Кочани очекува резултати за 60-ина тестови и најавува дека бројот на заразени лица ќе расте рапидно. Паралелно, продолжува со идентификација на контактите со заразените за да може да се постапува соодветно.

Матичните лекари уште еднаш потенцираа дека изолацијата на критичните случаи е пресудна, повикаа да нема жигосување и навредливи пораки до заразените лица. Апелираа дека нема ништо срамно во тоа токму заразените, самите јавно да го соопштат тоа, за да знае секој што доаѓал во контакт со нив, како да се однесува понатаму.

Општинскиот кризен штаб беше единствен во апелите за што е можно помалку движење од граѓаните, совесно и одговорно однесување и почитување на препораките и мерките за хигиена, социјално дистанцирање и на забраните за движење.

Претходна статијаНа маката се познаваат јунаците: Стоматолози од Струга со иницијатива за секоја почит
Следна статијаДоктор Лазаров: Ќе ги разболите за брзо сите лекари, а потоа Исус, Алах, Буда нека ви се на помош