Поранешниот министер за здравство и епидемиолог, професорот д-р Драган Даниловски, денес уште еднаш преку националните телевизии упати, можеби последен апел, да се вразумиме како индивидуи, за да не го дочекаме италијанското сценарио.
Во прилог на ваквите негови апели и тврдења, се надоврза и наш читател од лице место, од Италија, кој ги поткрепи ставовите на Даниловски, дека мораме да ги почитуваме мерките, за да не го доживееме нивниот ужас:
,,Живеам во Италија, Пиемонте овде деновиве е ТРАГЕДИЈА! Узас, страшен кошмар од кој неможеш да се разбудиш, како да го гледаш ѓаволот што копа во дното на човековата душа.
Полна подршка до докторот послушајте веќе еднаш сшо ви зборуваат, спасете еден живот, еден човек, родител на нечии деца. Татко, мајка, дедо и внуче, ако имате малку ама баш малку човечност во вашите срца, почитувајте ги мерките од министерот кој што се бори да спаси живот.
Не сум политички определен и немам политичка заднина, имате сеуште време, 2 до 3 недели сте зад нас (Италија), искористете го максимално да го спречите ширењето за да не биде доцна, за да не го допрете дното како овде.
Италија е на колена, изборете се заеднички сите граѓани на Македонија, за вас, за вашите најмили, за вашиот сакан, за вашиот сосед. Полна поддршка, не сакам овој пекол да се создаде и во мојата родна земја, ве поздравувам и поддржувам, добра ви вечер.”