Заев им даде ,,принуден” на извршителите, а 3 месеци не треба да се плаќаат и рати од кредити

0

Синоќа гостин во Клик плус на ТВ21 беше лидерот на СДСМ, Зоран Заев. Тој порача да не се отпуштаат работниците затоа што Владата ќе помогне.

-Ве молам да не ги испуштаме работниците, ако ги отпуштиме не чини за државата, тоа е нашиот народ.

Да не заборавиме дека тешко е да се најде добар квалификуван работник. Државата ќе помогне со сè што може, изјави Зоран Заев во емисијата Клик плус.

Заев напоменува дека исто така не може да очекуваме да се даваат плати, а да не работи ништо компанијата, затоа државата ќе помогне се што може за да се задржат работниците.

Следува поместување на плаќањето на кредитите и одлагање на извршувањата од извршителите, најави лидерот на СДСМ.

-Априлската рата и фирмите и граѓаните погодени од кризата ќе можат да ја платат во јули месец и ако требало да ја платат во април имаат уште 12 рати кои што им завршуват во април 2021 година, почнувајќи сега со тој мораториум да плаќаат од јули 12 рата ќе им заврши во јули 2021 година.

Тоа значи дека имаме буквално поместување за три месеци. Во овие три месеци и десет дена ќе се случи и стопирање на сите извршители – истакна Заев.

Тој посочи дека 43.000 вработени во угостителството и трговијата се првично зафатени со кризата.

-Овие мерки кои се најавени од Владата, до сега имаат сериозен импакт. Особено кредитите без камата од Банката за развој, инвестиции во придонесите за вработените кои ги намалуваме за 50 отсто и други.

Ние имаме до сега 20-тина милиони евра алокација кон здравствтото, потоа имаме кон Центарот на управување со кризи, Армијата, полицијата каде веќе 30 милиони евра се алоцирани. До 200 милиони евра ќе стигне финансиската подрршка за стопанството – рече Заев.

Претходна статијаЗаев со својата изјава го израдува македонскиот народ во овие тешки моменти
Следна статијаГероски: Сè што кажав до сега се оствари – следно владата ќе го ограничи движењето