Синот на познатиот новинар Александар Чомовски, Горазд, за емисијата ,,Трилинг” на телевизија 24, разговараше со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
На констатација на новинарот Горазд Чомовски, дека Мицкоски сеуште не може да излезе од матрицата на Груевски, (според него и тој ги дели луѓето на наши и ваши), лидерот на ВМРО-ДПМНЕ му посака на Чомовски да има чест да направи интервју со Никола Груевски.
На ова новинарот остро одговори: “Немам потреба со криминалец да правам интервју”!
По ова, Мицкоски побара извинување од Чомовски, бидејќи, со неговата констатација дека сеуште не излегол од матрицата на криминалецот Груевски, индиректно алудира дека и тој е криминалец.
Потоа, Мицкоски објасни на што мислел, кога изјавил дека ВМРО-ДПМНЕ ги нуди партиските доктори да помогнат во оваа криза. Тој имено објасни дека тоа не се партиски лекари, туку можеби некогаш орбитирале околу ВМРО-ДПМНЕ.
-Сите, буквално сите кои можат, треба да се искористат во оваа криза, рече Мицкоски. По ова, тој повторно побара извинување од Чомовски, но овој одби тоа да го направи.
Интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
Интервју со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
Публикувахте от Телевизија 24 в Петък, 27 март 2020 г.