Ванковска во ВМРО-ДПМНЕ не гледала победничка опција – откри за која партија ќе гласа?

0

Билјана Ванковска: ,,Веројатно ова е едно од најмалку важните прашања во моментов, но јас чувствувам потреба да си кажам…

Во услови на претставничка демократија, оние кои владејат/управуваат добиваат легитимитет (доверба/поддршка) исклучиво на избори! Во Британија не можеш да станеш ни министер ако не си видел колку вредиш кај гласачите, но тоа е стара демократија.

Оној кој од „заседа“ чека некој друг да му ја донесе победата за да стане премиер или се плаши од гласачите или е калкулант – или двете…

Од смената на Груевски, најголемата опозициска партија во парламентот дејствуваше без шеф на опозиција кој би бил во жижата на настаните. Можеби дел од причината за осуммината „побегуљи“ лежи и во тоа. ХМ можеше да ја следи ситуацијата само посредно, па отсуствуваше во некои од најбитните моменти во поновата историја на Македонија.

Но, тоа беа објективни околности кои тој не можеше да ги смени. Сега самиот носи одлука да не се кандидира, со што самиот се дисквалификува од трката, и тоа со мнооооогу тенко образложение. То не би ни пас с маслом прогутао – вели една стара српска изрека.

Неговите објаснувања не држат вода, ама ни под разно… Оставка лесно се дава во секој момент, и како пратеник и како лидер на партија. Неразбирливо е во првите борбени линии да вадиш непартиски личности со квалитет и интегритет, а себе да не се сместиш меѓу нив.

Мене воопшто не ме интересира дали тој ќе стане премиер или не (впрочем, нема ни да гласам за неговата партија) – но, заради правилата на играта од него се очекува да биде ЛИДЕР на опозицијата затоа што зад себе ја има најголемата партија!

Од оваа денешна перспектива гледано, станува уште појасно дека во него никогаш немало штоф за лидер – тоа се виде кога на земјата ѝ беше најтешко, пред и по референдумот, а сега покажува дека е и полулидер на партијата (седи на една нога на столчето и можеби чека да види дали ќе се занимава со политика или со бизнис&наука).

Голем број од граѓаните очекуваа(т) и бараа(т) ЛИДЕР, некој да ги поведе, некој кој нема да се штеди себе си, туку ако треба и ќе се жртвува кога е потребно… Богами, ќе се изначекаат…

Кога би била член на таа партија би била и гневна и разочарана, но за среќа не сум… Јас ќе си гласам за партија која има и лидер и членство кое е доволно храбро и одважно да се бори како Давид против Голијат(и).”

Претходна статијаВо Турција нема ниту еден случај со Корона – нивниот министер објасни како тоа им успеало
Следна статијаНа 21 година го напуштила факултетот, па изградила милионски бизнис