Ванковска бара да се отворат портите за мигранти и кој од нив сака, да си остане во Македонија

0

Билјана Ванковска: ,,Мојата целосна емпатија и солидарност е со мигрантите: цели генерации пораснаа (или остареа) во бегалски кампови во нехумани услови, додека ЕУ плаќа за тоа друг да си ги валка рацете со нивната супресија.

Освен тоа, уште поважно, Западот е најодговорен за несреќата што ги снајде овие несреќни луѓе: им разурнаа домови, средени држави ограбија, сотреа генерации, ги свртеа едни против други… Тоа е тоа што го прави империјализмот, а кога ќе дојде до хуманитарни грижи, тоа го препуштаат на други, послаби и корумпирани, за некоја надокнада.

После толку години хуманитарна криза и војни, што очекувате од бегалците? Да бидат мирни и кротки додека им го цедат животот капка по капка? Ставете се за миг во нивна позиција: што би правеле? Дали би се предале и чекале да умрете или би се бореле?

Мислите ли дека нам да ни се случи нешто такво, дека би не’ примиле со раширени раце? Не! Би не’ третирале исто вака како што од нас се бара да ги третираме мигрантите…

Кога ќе се сетам на егзодусите кои ги искусиле овие народи, не знам со кој памет шират ксенофобија?! Ми се лоши од такви!

Да има трошка ум во Балканов, ќе се отворат портите и ќе се пропуштат сите кои тргнале некаде. Кој сака да остане доброволно – бујрум, треба да се згрижат согласно можностите, а и онака немаме работна сила.

Кој сака да си ја проба среќата или да се соедини со фамилијата во друга земја, треба да се пушти. Гледате ли како се закануваат со затворање на границите, сите тие фини Европјани, сите сега станаа „Орбани“, се чуваат небаре луѓево се вирус.

Впрочем, човештвото настанало со масовни миграции. Тоа не е ниту нешто ново, ниту чудно. Единствената за нас нова работа е што ние сведочиме на такви масовни движења: нашите деца заминаа и заминуваат, но и некои други деца сакаат да заминат.

За жал, не мислам дека ќе се усреќат во тие западни земји, бидејќи ќе се соочат со ксенофобија, дискриминација, и најбескрупулозна експлоатација – па тие така ги третираат и „другите“ во своите општества (видете што се случува од САД, Британија, Холандија, Белгија…).

Човечките животи и хуманоста пред се’, пред „националните интереси“, пред геополитиката, и наспроти сите воени интервенции!”

Претходна статијаПо Трговски и по локали продавале сликовници – парите ги трпале во џеб
Следна статијаЗаев јавно призна уште една грешка и истата ќе ја поправат