Тричковски: Ми иде никогаш да не излезам од оваа самоизолација

0

Бранко Тричковски: Самоизолацијата е царство на слободата

,,Социјалната дистанца го обезбедува враќањето на човекот кон себе. Од интеракциите во кои тој ги глуми очекувањата на луѓето, кон тоа што е. Сега скоро, гледав еден филм со Антинио Бандерас во кој тој во улогата на адвокат на кого пријателот полицаец му ги убил жената и ќерката, решава да престане да зборува. И открива дека молчењето му ги развива другите сетила. Така и дистанцата.

Глумата, напорот да одговориш на очекувањата, баналните просерувања, тралалајството за се и сешто, рутината и инерцијата на комуникацијата, во услови на домашна изолација се компензираат со прочистување на духот, со зголеменото видно поле на страничниот поглед, што е добро во лов или во регистрација на деталите од кои е составен светот, со бистрина на мислата, со чистота на фокусот.

Самоизолацијата е царство на човековата слобода.

Сите големи филозофи и луѓе го допираат овој момент, од Диоген, до Фуко, Бодријар, Мухамед, Сартр, Фројд, Јунг, од верите до филозофските концепти, од музиката до сликарството и книжевноста.

Хахаха. Мртов сериозен сум. Ми иде никогаш да не излезам од оваа самоизолација.”

Претходна статијаГлавниот Шведски Епидемиолог вели: Во мај корона ќе се смири, но ќе се врати наесен
Следна статија,,Баш ги брига” – италијански фудбалер раскажува како се однесуваат Италијаните