Поранешниот премиер и актуелен лидер на владеачката партија СДСМ, Зоран Заев, синоќа беше гостин во дебатна емисија на ТВ21, од каде упати низа пораки околу здравствената и економската ситуација во нашата земја.
Тој денес е особено активен на социјалните мрежи со совети и апели во врска со Корона вирусот:
,,Ќе бидеме земја со најголема помош во регионот по глава на жител за санирање на економските последици од глобалната пандемија со коронавирусот.
Подготвивме мерки за поддршка на стопанството, на фирмите, работниците и граѓаните, првично насочени кон трите најпогодени сектори – угостителството, туризмот и транспортот. Наскоро ќе излеземе со нов, огромен пакет економски мерки.
Наша цел е компаниите да ги одржиме ликвидни и стабилни, а вработените да останат во фирмите.
Ние сме држава во развој, но подготвени ја пречекуваме оваа криза, следува поместување на плаќањето на кредитите и одлагање на извршувањата од извршителите.”
,,Совети како до правилна #самоизолација:
Доколку имате можност, работете од дома. Во однос на редовната исхрана, изолираното лице продолжува со вообичаениот начин на исхрана.
Избегнувајте заедничко користење предмети за домаќинство како крпи за раце, постелнина, чаши, прибор за јадење. Доколку нарачувате продукти преку достава избегнете контакт со доставувачот.”
,,Ве повикувам сите на одговорност, на заедничка акција и солидарност – само заедно, сплотени, може да се избориме против коронавирусот.
Да им помогнеме на институциите, на јавното здравство, преку наш личен пример, преку лична одговорност. Да останеме дома, да нема никакви собири, да користиме средства за дезинфекција и често да миеме раце.
Да се почитуваме, да си помагаме и да се чуваме. Секој живот е важен, секој човек е важен!”
Само заедно, може да се избориме против коронавирусот
Ве повикувам сите на одговорност, на заедничка акција и солидарност – само заедно, сплотени, може да се избориме против коронавирусот.Да им помогнеме на институциите, на јавното здравство, преку наш личен пример, преку лична одговорност. Да останеме дома, да нема никакви собири, да користиме средства за дезинфекција и често да миеме раце.Да се почитуваме, да си помагаме и да се чуваме. Секој живот е важен, секој човек е важен! #ЗаштитиСе #СедиДома
Публикувахте от Zoran Zaev в Петък, 20 март 2020 г.