Тони Науновски бара ДПМНЕ да го избрише ВМРО од името: Тоа се шпагети и манчмалоу војводи

0

Минатата недела гости во ,,Само вистина” на Канал 5 телевизија беа Агим Јонуз и универзитетскиот професор Тони Науновски.

Градењето на правната држава ќе бара време и прав модел, но и стручни и непартиски луѓе за да стане реалност, истакна Јонуз.

Како и пред неколку години кога започна непринципиелниот процес за преземање на власта преку објавување на прислушуваните приватни разговори, така и сегашните „бо мби“ на опозицијата значат дека ВМРО-ДПМНЕ се претворило во нејзината спротивност, рече Науновски во гостувањето на Само Вистина.

Преспанскиот договор го одзема македонскиот национален историски идентитет, рече Науновски. Договорот беше единствен начин да се спаси државата, да дојдеме до НАТО и да почнеме преговори со ЕУ истакна Агим Јонуз. Македонија има само задача, да исфилтрира луѓе што ќе ја градат Европската држава рече Агим Јонуз.

Тони Науновски рече дека нема битна разлика помеѓу СДСМ и ВМРО -ДПМНЕ затоа штп, ако опозицијата продолжи со драстично симнување на црвените линии, ќе победи СДСМ.

Но можеби најинтересен дел од ова соочување, беше барањето на Тони Науновски, ДПМНЕ да ги тргне буквите ВМРО од своето име. Тој образложи и зошто:

,,Во последните години ВМРО-ДПМНЕ силно отстапи од идеологијата по која беше препознатлива. Јас сум разочаран поради тоа. Пред само неколку месеци, дел од раководството на партијата, мислам Јанушев но и други, како мали деца ределе манчмалоу на шпагети во хотел во Струга, организирано од Конрад аденауер или нди.

Има слики од тоа, веројатно сте ги виделе. Исто така, сега разбравме дека на кандидатите за пратеници им правеле некакви психолошки тестови. На што личи тоа. Замислете, порано на Тодор Александров да му правеле психолошки тест. Ете затоа сум разочаран и не препознавам ВМРО во сегашното ДПМНЕ, заклучи Науновски.

Сега штапците и Тони ќе го стават на платниот список наЗаеб , Циа и Бнд 😎

Публикувахте от Владимир Карапетров Македонски в Вторник, 25 февруари 2020 г.

Претходна статијаКакво време дојде во Македонија: Пензионерите ќе ја спасуваат работата
Следна статијаРеменски тргна против своите – ја споменува и јатрвата на Шекеринска